Ситуцијата со пожарот во Пасјак е стабилна, но во опасност се Курјачко маало и Балабанци при што зафатен е дел од туристичкиот локалитет „Истевнички Кукуљ“. Дел од куќите во Балабанско маало се изгорени, а зафатени се и куќи во Курјачко маало во пожарот што го зафати делчевскиот крај. Се евакуираат жителите и покуќнината.
Охридскиот договор донесе придобивки за сите заедници во нашата држава, но имаме уште долг пат кој треба да се изоди за негова целосна имплементација, заклучија панелистите на денешната тркалезна маса „Важноста на Рамковниот договор за помалубројните заедници“ што се одржа во организација на Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) и Министерството за политички систем и односи помеѓу заедниците.
Правичната застапеност на помалите заедници во Северна Македонија не доволно реализирана, оцени првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедници Артан Груби на теркалезната маса по повод 20-годишнината на Охридскиот договор на тема „Важноста на Рамковниот договор за помалубројните заедници”, додавајќи дека не е доволно направено за нивната адекватна застапеност во јавната администрација.
За само еден месец од регион со спорадични случаи Тетово е во фаза на широко распространета трансмисија на Ковид-19, оценуваат од епидимиолошката служба при тетовскиот Центар за јавно здравје. Поради ваквата состојба се очекува и бројот на новозаболени уште повеќе да расте.
М. Миткоска