ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Град Скопје ќе го процесуира и рециклира градежниот отпад

August 8, 2021 11:07
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Град Скопје, Смарт Ап (НВО во склоп на Скопје Лаб ) и ЈП Дрисла се  добитници на ИПА Проект за Управување со градежен отпад и негова повторна употреба. Вкупната вредност на проектот 800.000 евра, а ќе се реализира  2 години.

Со оглед на фактот што градежниот сектор претставува значителен столб во целокупната економија, а на Скопје и Скопскиот плански регион му недостига модерен регионален центар за процесирање и рециклирање отпад, со воведувањето на циркуларни принципи токму во оваа гранка, ќе има огромно влијание врз индустрија. Според направените истражувања  Северна Македонија генерира околу 1,95 милиони тони градежен отпад годишно.

Како земја кандидат, државата ќе мора да се придржува на регулативите за управување со отпад  и барањата на ЕУ во делот на циркуларната економија.

Крајните корисници на услугите, како и на придобивките од овој проект се Градот Скопје, Јавното Претпријатие Дрисла, градежните компании и секако граѓаните на Скопје.

Со проектот имаме за цел да ги детектираме и мониторираме неконтролираните депонии со помош на ГИС системи, а податоците кои ќе се генерираат ќе бидат дата база за инвентар и првични официјални информации за иницијално идентификување, дигитализирање и  набљудување на градежниот отпад.

Предвидена е и набавка на соодветна механизација како дробилица за градежен отпад, камиони за транспорт и механизација за сортирање на различни видови на отпад.

Во конзорциумот на имплементатори на овој проект се вклучени и пионерите во воведувањето на циркуларна економија и рециклирање на отпад, Нова Горица од Словенија, државата која успешно ја спроведе  стратегијата Нула Отпад.  Градот Нова Горица ќе биде вклучен во сите процеси на развој и имплементација на овој проект, ќе биде добар пример и ќе му помогне на конзорциумот во реплицирање на проектот на локално ниво. Општината Нова Горица и РРА Северна Приморска ќе ги споделат нивните успешно имплементирани проекти, правните и економските аспекти и секако нивните препораки.

Со реализацијата на проектот се очекува да се зајакнат капацитетите на локалната власт во однос на обучен кадар во областа на циркуларните принципи и креирање на нови работни места кои ќе бидат пионери токму во оваа гранка,  воведување циркуларна економија, намалување на бројот на нелегални депонии за градежен отпад и шут за 20%,  како и намалување на градежниот отпад во целост за 30%.

Next Post

Зелените од 17 општински организации на ДОМ ќе бараат оставка од претседателката Маја Морачанин

Shortcut

Најново

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk