ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Навремено се предложени мерките, раководителите да ги мотивираат вработените да се вакцинираат – порача Филипче

August 8, 2021 12:16
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Мерките кои ги воведе Владата за спречување на ширењето на Ковид-19 важат за сите организирани настани, семинари, конференциии, посета на угостителски објекти и на затворено за што постојат протоколи и на отворено за што ги задолживме да направат редарски служби. Нема одлука за институциите. Ја користам можноста да апелирам до раководителите на сите институции и државни и приватни да ги мотивираат своите вработени, посебно тие институции кои работат со голем број луѓе тие вработени да се вакцинираат.

Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека може да се организираат состаноци, конференции, семинари и работилници за кои има протоколи и за влез во такви објекти во затворено ќе биде неопходно да се даде сертификат за вакцинација.

Многу веројатно е дека овој механизам, посочи министерот, ќе бара една координација и ќе отвори многу предизвици и прашања и затоа ќе се координираат институциите кои треба сето тоа да го конторлираат.

– И досега беше во ингеренциите на инспекторатите да се контролира почитувањето на протоколите и колкав капацитет е пополнет од една просторија. Оваа недела ќе ги направиме тие координации за секој да си ги знае своите ингеренции. Задолжени се сите институции каде се организираат такви настани да имаат редарска служба која ќе ги бара тие сертификати и понатаму контролата преку инспекторатот. Имавме стручна дискусија и ставот е дека прележана болест, антитела, односно имунитет од прележана болест не штити доволно, не создава доволно имунитет како што создава вакцината, рече Филипче, одговарајќи на новинарски прашања.

Тој посочи дека сосема навремено ги предлагаат сите мерки и дека најавувале повеќе месеци наназад дека ќе ги воведат и го чекале моментов кога за тоа е соодветно. Појасни дека и кога минатата недела почна евидентниот раст, тогаш кога се зголеми и бројот на пациенти кои се хоспитализирани сметаат дека е добар период кога доаѓаат и месеци кога поголем број луѓе ќе бидат во затворено да се предложи ваква мерка.

– Во таа смисла се и овие координативни состаноци за подготовка на здравствениот систем, сите овие механизми со ротација на кадар, обезбедување распоред на здравствени установи кои би примале пациенти итн. Ние не мжеме да предвидиме дали овој раст ќе продолжи или ќе запре. Се надеваме дека ќе запре заради тоа што сепак имаме одредена бројка на вакцинирано население, околу 500 000 граѓани кои се вакцинирани и следниве недели ќе бидат ревакцинирани. Сметаме дека тоа може да го успори растот. Раст има и во другите земји, меѓутоа мора да ги преземеме овие мерки сега и тие се навремено преземени. Мислам дека ова ќе даде добри резултати со цел другите процеси кои треба да почнат од есенските месеци, на пример училиштата да почнат како што посакуваме, рече Филипче.

Податоците од анкетите, нагласи, покажуваат дека имаме проблем таму каде мерките не се почитуваат и сега за тие затворени простории имаме соодветни протоколи кои очигледно не се почитувале и затоа имаме еден ваков проблем. Посочи дека сепак луѓето планирале одредени настани и сметаат дека една недела до 16 август е разумен период ако треба да ги поместат, да ги одложат малку за да имаат време да се организираат.

Во врска со опфатот со вакцинацијата на наставниците, истакна дека засега е околу 60 проценти.

– Имаме секојдневна комуникација со Министерството за образование и наука кое често ги комуницира директорите на училиштатата за да тие ги мобилизираат своите вработени. Ќе видиме каков ќе биде одговорот до крајот на оваа недела. Ако продолжи со оваа динамика верувам дека висок процент на вработените и во МОН во делот на училиштата и во градинките ќе бидат опфатени со вакцинацијата. Во двата сектори сега е околу 60 проценти, додаде Филипче одговарајќи на новинарски прашања./МИА/.

Next Post

Награда од 10.000 денари за 300 лица од кои најмногу се пожарникари, Град Скопје ќе ја додели истата сума на 194 пожарникари

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk