ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Главниот штаб при ЦУК ги договара утрешните активности

August 8, 2021 18:47
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заседава Главниот штаб при Центарот за управување со кризи со цел да се договорат активности кои треба да бидат спроведени во текот на утрешниот ден, каде е најкртично доколку избувнат нови пожари, изјави на попладневната прес-конференција помошник-раководителот на ЦУК Марија Милкова.

– Ќе се донесат мерки и активности со препораки за утрешното дејствување на ресурсите на локално ниво, додаде Милкова.

Таа информираше дека во 15:30 часот е избувнат нов пожар во светиноколско  кај Богословски рид. Појасни дека пожарот е активен и оти на терен има припадници од противпожарните единици на Свети Николе и околните градови.

Исто така, нов пожар има во Крушево во село Светомирани, каде е запалено ѓубриште. Милкова наведе дека пожарот делумно е локализиран, меѓутоа се држи под контрола.

– Пожарот во Прилеп кај селата Дрен и Смолани е локализиран, меѓутоа на потегот кај село Топлица истиот е активен и сега во попладневните часови на лице место е испратен авионот „Спартан“ на романското Воено воздухопловство, кој во неколку наврати ќе истури вода се со цел истиот да биде ставен под контрола и во текот на денот да биде локализиран, изјави Милкова.

Како што претходно јави МИА, според податоците на Центарот за управување со кризи, на територијата на државата попладнево се активни дестина пожари со разлилчен итензитет и тоа кај месноста Бајаз Тепе, кај селата Нов Истевник, Разловци, Драгоево, Топлица и Романовце, на потегот меѓу селата Раовиќ и Буковиќ, меѓу селото Дивље и месноста Крушје, кај селата Дрен и Смолани, на Китка и крај патот Шипковица-Бродец.

Пожарот во атарот на Делчевско е активен, при што се појавиле нови жаришта. Пожарот кај село Разловци на местото викано Чокалица е локализиран, но екипите се уште се на лице место. Пожарот во атарите на селата Тработи и Нов Истевник на натот кон Света Вода е ставен под контрола, но на местото остануваат 4 вработени од Шумското стопанство за да ја контролираат состојбата, а останатите се повлечени и упатени кај село Разловци.

Се уште е активен и пожарот на територијата на Општина Пехчево и се шири на територијата на Берово. Гаснењето се одвива на непристапни подрачја над село Будинарци и од силниот ветер огност се шири кон атарот на село Мирашинци, каде гори борова шума. Од ЦУК посочуваат дека се бара помош од АРМ со 30 војници и средства за гаснење на пожарот бидејќи ситуацијата е алармантна.

Пожар избувнал и во атарот на село Драгоево во Општина Штип, а според ЦУК, има сознанија и за ново жариште кај село Богословец на територијата на Свети Николе.

Огнената стихија на потегот меѓу селата Раовиќ и Буковиќ во Општина Сарај се движи кон сртот и нема опасност за селата. Таму гори мешана шума на доста непристапен терен, па на место на пожарот нема ниту една екипа.

Со воздухоплови е дејствувано кај пожарот во реонот на Катланово, односно на потегот меѓу селата Дивље и месноста Крушје. Пожарот сега се движи кон Дивље и поради дејството на авијација, оневозможено е гаснење од земја.

Пожар е регистриран на Преслап на Китка, кој со време губи на сила.

На подрачјето на Прилеп се активни два пожари и тоа во атарите на селата Дрен и Смолане каде гори сува трева и шума, а постои опасност да биде зафатена и високостеблеста борова шума, како кај село Топлица покрај магистралниот пат Прилеп – Градско.

Помали пожари се активни покрај патот Шипковица-Бродец во Тетовско, каде гори сува трева, како и во атарот на кумановското село Романовце, каде е опожарена сува трева.

На територијата на Велес локализиран е пожарот од правец на Крушје кон селото Џидиминци и тој не се шири, додека огнот меѓу селата Иванковци и Мамутчево е изгаснат, откако се опожарени 8 хектари стрништа./МИА/.

Next Post

Старата ФАП цистерна стана хит - Редовно е сервисирана, 8.000 тони вода истури, изјави Заев

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk