ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: „Отворен Балкан“ – Наместо судбина, ние избравме иднина, пожари во неколку региони, 2.000 активни ковид случаи

August 9, 2021 12:02
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Заев со авторски текст во Политика посветен на „Отворен Балкан“: Нашите народи бараат да се здружиме, за подобро денес и подобро утре. Наместо судбина, ние избравме иднина. Наместо некни – денес и утре.

Сè уште се активни пожарите во Пехчево, Сарај во Скопје, Петровец, Старо Нагоричане, Прилеп, Штип, Битола, соопшти ЦУК, согласно состојбата до 8 часот. Пожарот во делчевско е во контрола и нема опасност од негово ширење, а локализиран е и пожарот во атарот на селата Дрен – Смолане, прилепско.

Приведен е Б.М.(60) од Дебар, поради сомнение дека предизвикал пожар. Тој бил затекнат кај опожарена нива во село Бомово.

Благодарност до сите вклучени во гаснењето на пожарите, продолжува вложувањето во човечкиот капитал, велат од СДСМ.

Речиси 2.000 активни ковид случаи – најмногу во Скопје и Тетово, надлежните апелираат невакцинираните да се вакцинираат.

Постот што ги рецензира Вистиномер, изнесува неточни и манипулативни тврдења дека невакцинираните ќе бидат подложени на репресии и присилни тестирања, кои наликуваат на дехуманизираниот однос на нацистите кон Евреите за време на Холокаустот и дека вакцинацијата ќе стане задолжителна.

Во обид да се зачува јавното здравје и да се стави под контрола рапидното зголемување на бројот на заразени, што претставува ризик од преоптоварување на здравствените системи, сè повеќе земји воведуваат задолжително приложување на вакцинален сертификат за своите граѓани.

РЕНДГЕН: Меси ја напушта Барселона.

Подобрена е ситуацијата со пожарот во северниот дел на грчкиот остров Евија, меѓутоа огнената стихија сè уште не е ставена под контрола, а дел од жителите ноќта ја поминаа во ферибот

Јапонскиот град Нагасаки денеска ја одбележа 76-годишнината од нуклеарниот напад за време на Втората светска војна од страна на САД, а градоначалникот Томиша Тауе апелираше до јапонската Влада да земе поактивно учество во ослободувањето на светот од нуклеарно оружје.

Американскиот милијардер Илон Маск наводно привремено живее во мал монтажен дом од 49.500 американски долари, за кој веќе има план за производство и список на чекање од 100.000 единици.

Американски радиоводител и познат антиваксер Дик Фарел почина од коронавирус, но пред да го испушти последниот здив ги повика пријателите и неговите обожаватели задолжително да се вакцинираат, објави WPTV на Флорида.

Ј. Ѓ.

Next Post

Ангажирани 644 полицајци за пожарите во изминатото деноноќие

Shortcut

Најново

Од ладна резерва до рекордна добивка: Што се случи со ТЕЦ „Неготино“ во кризата?

August 30, 2026

ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

August 30, 2026

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk