ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мицотакис се извини за евентуалните пропусти во справувањето со пожарите

August 9, 2021 19:45
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Големината на катастрофата, особено на Евија и во Атика, ги оцрнува срцата на сите нас. И прв јас се извинувам за евентуалните слабости што постоеја, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговата изјава за ситуацијата со пожарите во земјата и најави дополнителна помош во висина од 500 милиони евра за овие две области, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис порача дека целосно ја разбира болката на граѓаните кои гледаа како горат нивните домови и имоти, истакна дека приоритет било да се спасат човечки животи и додаде дека изминатите денови беа едни од најтешките во последните децении.

-Водевме и уште водиме битката со сите наши сили. Но, се соочуваме со природна катастрофа од невидени размери: за неколку дена, избија 586 пожари избија во сите делови на Грција. Пожари, кои поради досега невидената жештина и повеќемесечната суша, веќе многу тешко се гаснат, рече грчкиот премиер.

Потенцираше дека тоа што беа спасени човечки животи се должи на целосните планови за евакуација и на професионалноста на цивилната заштита, на акцијата на полицијата и крајбрежната стража.

-Очигледно е дека климатската криза веќе тропа на вратата на целата планета, со пожари кои траат со недели. Ова е објаснување, но не и изговор или алиби. И ќе кажам јасно: можеби го сторивме она што беше човечки можно, но во многу случаи ова не изгледаше доволно во нерамноправната битка со природата. Но, истото така јасно ќе кажам дека ќе бидеме до оние што се погодени од пожарот, порача Мицотакис.

Објасни дека преку Фондот за закрепнување обезбедени се средства за пошумување, пред сè на Евија и во Атика, но и дека одобрил дополнителен буџет од 500 милиони евра специјално за овие области.

На крајот од изјавата, грчкиот премиер се осврна на неговото лично искуство како премиер во изминатите 25 месеци, велејќи дека требало да управува со повеќе кризи „од асиметричниот напад на Еврос до нападот на коронавирусот и од повеќекратните национални предизвици во Источниот Медитеран, до големиот облог на вакцинацијата“.

-Сите имаа повеќестрани последици за економијата и општеството и сите на почетокот изгледаа несовладливи. Но, сите ги надминавме со убеденост и единство. Истото ќе се случи и сега, со смели одлуки што ќе променат многу работи, додаде грчкиот премиер.

Мицотакис за утре закажа владина седница на која ќе се донесат одлуки за поддршка на погодените од пожарите кои во изминатата седмица ја зафатија Грција.

Next Post

Новите мерки се неопходни за заштита на здравјето на граѓаните, Мицкоски да повика на вакцинација а не да поткопува

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025
генерирано со ВИ

Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk