Лага е информацијата која се споделува по соц. мрежи дека ќе се руши Спортскиот центар „Борис Трајковски” . Предизборниот период не смее да биде причина за експанзија на лажните вести, напиша градоначалникот Стефан Богоев на социјалните мрежи, откако беше објавена информација дека истиот ќе биде срушен.
Лага е информацијата која се споделува по соц. мрежи дека ќе се руши Спортскиот центар „Борис Трајковски” ‼️
Предизборниот период не смее да биде причина за експанзија на лажните вести.
? Да ги проверуваме информациите. И јас, и @OpstinaKarpos сме достапни за комуникација. pic.twitter.com/MVvGiZ38p1— Стефан Богоев (@stefanbogoev) August 10, 2021
„Да ги проверуваме информациите. И јас, и @OpstinaKarpos сме достапни за комуникација“, напиша Богоев.
Како што објавија Богоев и Општина Карпош, оваа лажна информација била објавена во Фејсбук групата „Заштита на спортскиот центар Борис Трајковски“.