ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Вечерен преглед: Учебната година ќе започне на 1 септември, Охридскиот рамковен договор меѓународно е најуспешно посредуван договор

August 11, 2021 21:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

На дваесетина дена пред новата учебна година, Министерството за образование и наука соопшти дека ќе почне во редовниот термин, 1 септември, и дека се интензивни подготовките за стартот во услови на пандемија преку пристап со кој ќе се обезбеди непречено одвивање на наставата, но и заштита на јавното здравје. Додадоа дека досега се вакцинирани околу 60 % од наставниот кадар.

Државната изборна комисија денеска сооопшти дека постапува согласно Законот за завршување на текот на постапката на јавната набавка на фингерпринт апаратите.

Рамковниот договор е најуспешниот меѓународно посредуван договор на просторите на поранешна Југославија, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање. Ако ги споредиме сите мировни договори во регионот во последните 20-30 години, единствениот договор кој се исполни во целост, во својот легислативен дел, односно во нормативниот дел, во делот на законите кои произлегуваат од самиот договор, истакна тој.

Потпишување на Охридскиот рамковен договор, 13 август 2001 година

 

Преку НИКС (Next generation incident command) системот во реално време ги добиваме сите податоци и потоа ги дигитализираме. НИКС системот служи за просторно прикажување податоци во реално време, информира денеска директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов на прес-конференцијата на која беше промовиран НИКС системот.

За крај на овој вечерен преглед, да споделиме и една сатирична објава на нашиот колумнист, Бранко Тричковски: Ако и од трета мајка Бугарија остане без влада, мандатот за управување со земјата ќе го добие нацијата која е најблиска до бугарската, народот со заедничка или иста историја со бугарската, со речиси ист јазик итн, односно Македонија…

М. Миткоска

 

Next Post

Радев го свикува Советот за безбедност на Бугарија поради Ковид-19 и мигрантскиот притисок на границата со Турција

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk