ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Робертсон од конференцијата „По Охрид“: Бугарија да ги послуша пријателите и да ја крене блокадата за Северна Македонија

August 13, 2021 12:33
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Не треба само носталгично да се осврнуваме на Рамковниот договор кој беше уникатен пример за крај на еден конфликт. Договорите ги има премногу во историјата, но, она што луѓето вистински го сакаат е работа, добро образование за нивните деца и надеж за иднината. Тоа мора да биде чекор понатаму од Охридскиот договор и тоа е нашата обврска, порача поранешниот генерален секретар на НАТО лорд Џорџ Робертсон во обраќањето на конференцијата по повод 20 години од Охридскиот рамковен договор.

-Светот, Европа и Балканот мислам дека го потценија начинот на кој што Охридскиот договор дава пример, образец за решавање на конфликти. Тој има свои несовршености, мали, не сметаме дека е совршен и се уште ќе има луѓе кои ќе сметаат дека сме им дале премногу или добиле премалку. И двете овие гледишта се на погрешната страна од историјата. Консензусот, компромисот и рамнотежата, толеранцијата можеби не се модерни во свет кој е склон кон авторитарен модел, но тие се темелот на просперитетни, задоволни и мирни демократии кои повеќето луѓе ги сакаат и многумина копнеат по нив, рече Робертсон кој учествуваше во креирањето на Рамковниот договор.

Тој посочи и на членството во НАТО, кое и овозможува, вели, безбедна иднина на земјата, но и на подготвеноста за членство во ЕУ.

-Пред 20 години кога ПЈРМ, така тогаш се викаше  вашата земја, храбри и талентирани Македонците својата иднина ја гледа надвор од границите на својата земја, членството во НАТО беше само далечен сон. Сега ПЈРМ веќе не постои на светската мапи, а Северна Македонија може да гледа безбедна иднина, како во странство така и дома. НАТО сега е реалност, а знамето на Република Северна Македонија гордо се вее на зградата на НАТО во Брисел, тоа и треба да биде реалност за вашето членство во ЕУ. Подготвени сте, ја направивте тешката работа. ЕУ има потреба од вас и само на тој начин може да се консолидира напредокот што беше постигнат во овие две децении, рече поранешниот генерален секретар на Алијансата.

Тој упати и апел до Бугарија да ја крене блокадата на евроинтегративниот пат на земјава.

-Кога Бугарија бараше членство во ЕУ и НАТО тие имаа добри пријатели во мене и во штабот на НАТО. Бугарија како сосед имаше огромна приодобивка од овој Охридски договор. Доколку конфликтот продолжеше на традиционален начин како што завршува на Балканот, Бугарија ќе ги почувствуваше тие бранови и се уште ќе ги чувствуваше до денес. Денешната ЕУ е составена од земји кои со години и векови биле непријателски настроени. Но, триумф на нашето доба е што овие непријатели денес седат заедно во оваа неверојатна унија на слободни и интегрирани земји. Северна Македонија заслужува да биде таму и се надевам дека Бугарија ќе ги слушне едногласните барања од нивните пријатели и ќе ја крене блокадата за Северна Македонија, апелираше Робертсон, кој укажа дека и натаму е посветен да дава поддршка на земјава како дел од Охридската група за просперитетна иднина.

Next Post

(ВО ЖИВО) Продолжение на Конференцијата по повод 20 години од Охридскиот рамковен договор

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk