ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Жестоки расправии во ВМРО-ДПМНЕ, демолиран и партиски шатаб во Прилеп, само 10% од новите ковид случаи се вакцинирани

August 14, 2021 18:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Фотомонтажа: РИБАРО

Фотомонтажа: РИБАРО

Share on FacebookShare on Twitter

Во највисокиот ешалон на ВМРО-ДПМНЕ имало жестоки расправии и викотници низ ходниците околу недоличното однесување на партискиот шеф на социјалните мрежи каде што тој пцуе и се кара со луѓето што коментираа под неговиот пост.

Во партиските простории на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, кои се наоѓаат во центарот на градот, синоќа се случил инцидент. Според неофицијалните информации, незадоволни партиски членови ја искршиле влезната врата на партискиот штаб, како и дел од инвентарот во просториите, каде во тој момент се наоѓале повеќе членови на прилепскиот Општински комитет.

Од вкупно 3.497 пациенти дијагностицирани изминатите седум дена, 3047 се невакцинирани, односно само десет проценти се вакцинирани и се позитивни, а тие кои се во болница на лекување имаат прилично стабилна состојба, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Бројот на новодијагностицирани и хоспитализирани со Ковид-19 нагло расте, во следните недели ситуацијата може да биде критична, истакна министерот Филипче. Сепак, тој уверува дека здравствениот систем е подготвен за новиот бран.

Освен вакцинираните, во угостителските објекти и на настаните на отворено ќе им биде дозволен влез и на лицата кои прележале Ковид-19 во рок не подолг од 45 дена, објави денеска министерот за здравство Венко Филипче при посетата на Охрид.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека имаме многу безбеден систем за пријавување и за покажување на сертификатите за вакцинација против Ковид-19 преку „Мој термин“.

Во последните 24 часа се направени 9.270 тестирањa, а регистрирани се 792 нови случаи на КОВИД-19. Регистрирани сe 104 оздравени пациенти, а пријавени се 10 починати лица.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, објави видео од предизвикување на „контролиран пожар“ над село Барово, со кој се прави заштитен појас преку кој огнот нема да може да помине.

Специјалци од МВР приведоа четири лица од Неготино осомничени за „лихварство”, „изнуда” и други кривични дела.

Противпожарните сили како од Грција, така и од европските земји кои испратија помош, остануваат на Евија и на Пелопонез за доколку е потребно да интервенираат при евентуални нови разгорувања на неодамнешните големи пожари, јави дописничката на МИА од Атина.

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Пол Погба креира четири асистенции на денешниот натпреварот против Лидс во 1. коло од Англиското фудбалско првенство. Дваесет и осумгодишниот Французин стана седмиот фудбалер во историјата на англиската Премиер лига што го постигнал ова достигнување.

Од 23 август, транзитот низ Словенија веќе нема да биде возможен без исполнување на ПЦТ барања.

Ј. Ѓ.

Next Post

Кривична пријава за угостителски објект во Тетово за непочитување на прописите во епидемија

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk