ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

(ВИДЕО) По повеќе од 30 години целосно се реконструира патот помеѓу Житоше и Кривогаштани

August 15, 2021 16:15
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Инвестирањето во инфраструктурните проекти значи поттикнување на економскиот развој и унапредување на условите за живот на граѓаните. Над една милијарда евра се инвестираат во патишта, водоводи, канализациски мрежи и системи за наводнување, со што се поттикнува економијата и се поддржува градежниот сектор, изјави денеска премиерот Зоран Заев, кој заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, беше на увид на реконструкцијата на патниот правец Кривогаштани-Житоше.

– Рехабилитацијата на ваквите експресни регионални и локални патишта, кои изминативе години, како и годинава се изведуваат, очекуваме да го поттикнат економскиот развој. Секоја подобрена инфраструктура, дали е тоа регионален или локален пат, дали е тоа вложување во канализациони мрежи и слично, значат севкупно подобрување на животот на граѓаните, рече Заев.

Според него, на дело се гледа добрата соработка меѓу централната и локалната власт, а Владата, како што рече, останува посветена на сите региони подеднакво со цел граѓаните да имаат подобри услови за живот без разлика дали живеат на село или во град.

Патниот правец, кој денеска го посетија Заев и Бочварски, се реконструира по повеќе од триесетина години со што се очекува да се подобри локалниот развој и условите за живот во овој дел од Пелагонија.

– Со 440 илјади евра целосно се реконструира регионалниот пат меѓу населените места Житоше и Кривогаштани во должина од околу 10 километри, со што граѓаните добиваат нов и квалитетен патен правец, рече министерот Бочварски, најавувајќи дека во следната фаза ќе биде реконструиран и патот кој води од Житоше кон Лажани, а потоа и до Ропотово.

Посочи дека се работи и на доизградба на експресниот пат од Градско до Прилеп и на делницата од Градско до Дреново, додека од Дреново до Фаришката клисура се прават подготвителните активности и се очекува во следниот период силна градежна активност на овој патен правец. Во завршна фаза е и тендерот за рехабилитација на третата лента на превојот Плетвар.

– Дополнително би сакал да истакнам дека активно работиме на владиниот план за изградба на автопатско решение од Прилеп до Битола, нагласи Бочварски.

Next Post

Заев: Спремни сме да преземеме и прифатиме цивилно население од Авганистан

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk