,,Дежурните екипи на Инспекторатот на град Скопје заедно со МВР со брза реакција ги лоцираа и фатија лицата кои вршеа спалување на гуми. Од истите се обезбедени податоци и кон нив ќе биде поведена прекршочна постапка од страна на Инспекторатот на град Скопје како и од МВР“ – информираше инспекторатот.
Претходно, на социјалните мрежи беше објавена фотографија од спалувачите на гуми, а Инспекторатот веднаш реагираше.