ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев по повод Светскиот ден на хуманитарноста – Наша обврска е да покажеме човечност и да го поддржиме авганистанските граѓани во одбраната на човековите права

August 19, 2021 09:44
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МОЗАИК, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Меѓународните денови каков што е денешниот Светски ден на хуманитарноста, се прилика за сензибилизирање на јавноста за прашања од интерес на човештвото, за мобилизирање на политичката волја и за активирање на ресурси за учество во решавање на глобалните проблеми и за славење на прогресивните стремежи на човештвото во било кој дел од светот, напиша премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи.

„Овие денови длабоко нѐ вознемируваат сликите од Авганистан кои сведочат за закани по животот и за безбедноста на граѓаните на оваа земја, за жените и децата, за младите миротворци и активисти, коишто заедно со меѓународните мировните мисии беа посветени на демократската преобразба на земјата.
Наша обврска во овој момент, кога иднината на овие граѓани на Авганистан станува неизвесна и застрашувачка, е да покажеме човечност и да го поддржиме авганистанското граѓанско општество во одбраната на човековите права, во заштитата на своите заедници и за одржување на надежта во живот.
Северна Македонија меѓу првите понуди помош за овие луѓе кои се под опасност од доаѓањето на талибанскиот режим во Авганистан, и одлучи да прифати одреден број вработени и жени и деца од семејства на оние кои работеле за хуманитарните и миротворните мисии, активисти од организациите за човекови права, новинари, преведувачи, студенти, стипендисти, како и граѓани кои изминатите 20 години беа поддршка на НАТО сојузничките сили во Авганистан, вклучително и на македонската армија.
Со овој хуман гест на солидарност и емпатија, нашата земја застана во првите редови на големата светска хуманитарна акција и со тоа испрати порака дека ниту една земја не може да постигне одржлив мир и развој ако остане заробена во бесконечен круг на конфликти, сиромаштија, страв и одземени човекови права“, напиша Заев.
Next Post

Условите за влез во Грција продолжени до 27 август

НАЈНОВО

Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче продолжува да го игра бугарското сценарио и да ја понижува сопствената држава

November 5, 2025
Скриншот

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
Скриншот

Ердоган: Турција влезе во нова фаза од напорите за прекин на насилството на курдските милитанти

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk