Европската комисија денеска го усвои националниот Дигитален сертификат на Република Северна Македонија и истиот го смета за еквивалентен на Дигиталниот сертификат на ЕУ, информира Министерството за здравство.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, денеска во придружба на министерката за образование и наука Мила Царовска и со градоначалникот на Општина Јегуновце Дарко Блажески како домаќин ја пуштија во употреба комплетно изградената и опремена спортска сала во Општинското основно училиште „Александар Здравковски“ во населеното место Јегуновце.
За да се создаде имунитет потребна е втора доза, но и да помине одреден временски период од нејзиното примање, којшто е различен за секој производител на вакцина. Постот манипулира на тој начин што селективно ги прикажува податоците и ги вади од контекст. За таа цел намерно не е наведено дека пациентката починала од ковид, туку само се кажува дека таа примила прва доза вакцина по што починала, пишува „Вистиномер“.
Законот за личните карти е блокиран со амандмани од Левица иако политичката партија БЕСА беше доволно флексибилна да поднесе амандман за почеток на дејствие од 2023 година за етничката определба на граѓаните во личните карти, очекувајќи Европа да се изјасни по ова прашање.
Премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев денеска му порача на лидерот на опозицијата Христијан Мицковски дека доколку сака поддршка од сите граѓани треба да се обрати до сите заедници, а не само кон една.