ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Филипче-Најт: Со донација од САД, ЗД Пробиштип е прв гасифициран објект во регионот

August 20, 2021 12:27
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Импресивната соработка, помошта којашто во континуитет ја добиваме од нашиот најголем и најважен стратешки патнер САД во реализација на големи и за нас многу битни проекти во изминатите повеќе од 20 години во здравствениот сектор продолжува со заеднички прогресивни идеи и исти вредности – истакна министерот за здравство д-р Венко Филипче кој беше во посета на Здравствениот дом во Пробиштип. Поводот за посетата на оваа здравствена установа,  на која присуствуваа и генерал-мајорот Грегори Најт и вршителот на должност амбасадор на САД Ерик Мајер е донацијата на САД со која комплетно се реновирани просториите и влезот во Итната Медицинска помош, а ЗД Пробиштип е гасификациран и променета е кровната конструкција на објектот, соопштуваат од Министерството за здравство,

-Сакам да се заблагодарам за помошта којашто во континуитет ја добиваме од нашиот најголем и најважен стратешки партнер САД, во делот на менаџирање на ковид кризата, но и генерално во изминатите повеќе од 20 години, посебно во секторот здравство. Од почетокот на кризата помогнаа на Министерството за здравство со донација за нас многу битна во форма на лична заштитна опрема, заштитни маски, медицинска опрема – кажа министерот Филипче.
Министерот Филипче му посака добредојде на новиот заменик амбасадор, претставникот на Американската војска, и им се заблагодари на сите претставници на тимот кои работеа на овој проект.
-Овој проект е дел од една серија на проекти за зајакнување на здравствените институции во нашата земја и после Клиниката за неврологија, Детска хирургија, болницата во Демир Хисар, ургентниот центар во болницата 8ми Септември, ова е проект којшто е сега завршен и значи целосна енергетска ефикасност во делот на реконструкцијата на кровот и гасификација, со што овој објект е прв објект во Пробиштип којшто користи течен гас за затоплување и со ова е решен проблемот со загадувањето во овој дел. Нашата соработка продолжува, имаме тековни проекти, се реконструира Клиниката за максилофацијална хирургија и треба да започне реконструкцијата на Клиниката за хематологија. Искрено верувам дека оваа успешна соработка ќе продолжи и понатаму, ги делиме истите прогресивни идеи, истите вредности, како во делот на соработката во здравството така и на секое друго ниво – истакна министерот Филипче.
-Она што го гледаме денес овде во Здравствениот дом во Пробиштип е резултат на повеќедецениска соработка, што резултира со успех во корист на граѓаните на Пробиштип. Ви благодарам на сите присутни и за тоа што имав можност да го воочам навистина импресивниот одговор на Северна Македонија во ковид пандемијата, како и за реализираните донации кои доаѓаат од Владата на САД.

Нашата амбасада овде ја покажува широкоградата соработка и посветеноста која ја имаме за граѓаните на Северна Македонија. Со нетрпение ги очекувам и наредните 20 години партнерство со оваа земја – изјави генерал-мајор Грегори Најт.

Next Post

Контраспин: ВМРО-ДПМНЕ измислува „фашистички“ анти-ковид мерки во предизборно додворување кон антиваксерите

Shortcut

Најново

Самит на НАТО во Анкара, 7-8 јули 2026, Марк Руте и Доналд Трамп (фото извор: НАТО)

(НЕДЕЛЕН РАПОРТ) Самит на НАТО, воена ескалација на Блискиот Исток и други клучни настани

July 12, 2026

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk