Организацијата ги сподели првичните наоди од долгорочниот мониторинг што започна ден по одлуката на лидерите на политичките партии да одат на предвремени парламентарни избори на 12 април 2020 година. Претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала истакна дека и пред да се договорат партиите за датум за предвремени парламентарни изборите, веќе започна една динамична, пред сè црна кампања, исполнета со говор на омраза и лажни вести.
Инциденти
Алармантен е податокот на инциденти, прекршоци и кривични дела во кои се уништува јавниот и приватниот имот. Имаме основа да веруваме дека дел од тие инциденти имаат организирана политичка позадина. Целта на ваквите дејствија е да се предизвика општа несигурност и страв кај граѓанките и граѓаните, што во крајни инстанции може да влијаат на излезноста на изборите.
Дерала додаде дека навивачките групи треба да останат во спортот и да не се мешаат во политиката.
„Навивачките групи се почесто стануваат дел од партиската машинерија и често се злупотребуваат. Тие треба да си останат во спортот и да не се мешаат во политиката, затоа што тоа дополнително предизвикува инциденти и немири“, порача Дерала.
Лажни вести, дезинформации и говор на омразата
Периодов го одбележува интензивна продукција на лажни вести, дезинформации и говор на омразата по етнички, верски и политички основи.
„Веќе се објавени повеќе од стотина кратки извештаи за лажни вести и дезинформации, како и говор на омраза кои се очигледно грижливо подготвувани од партиски центри за комуникација, а нивни промотори, неретко се и самите највисоки функционери на одредени партии. Во оваа прилика сакаме да им се заблагодариме на поддржувачите на ЦИВИЛ и големиот број граѓанки и граѓани кои и самите пријавуваат случаи на лажни вести и говор на омразата на нашата медиумска платформа. WWW.CLP.MK“, истакна Дерала.
Злоупотреба на протестите
Дел од протестите и други настани што се организираат, често се злоупотребуваат во теснопартиски и изборни цели.
„Имаме повеќе од доволно индикации и докази да потврдиме дека одредени политички партии се вистинските организатори на дел од протестите во изминатиот период. Протестот на земјоделците е еден од најочигледните случаи на инструментализирање на одредени категории на граѓанки и граѓани. Понатаму, протестите на тема „заштита на животната средина“ ги анализираме и наоѓаме елементи на партиска злоупотреба. Во организирањето на утрешниот бојкот на средношколците е вклучен еден партиски подмладок, за што ќе биде објавен посебен извештај“, рече Дерала.
Како што истакна тој, политичките партии ја злупотребуваат својата моќ и ги злоупотребуваат протестите.
„Во последно време, граѓаните имаат се повисоко ниво на култура. Во Македонија во изминатиот период се случуваат протести, а дел од нив се организирани од политичките партии. Со таа злупотреба, партиите ја влошуваат сосојбата во државата. Имаме информации дека утрешниот бојкот на наставата е организиран од партиски подмладок, за што ќе биде изнесен посебен извештај. Децата и младите се злоупотребени во партиски цели“, порача Дерала.
ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА
Актуелна е иницијативата за промена на изборниот модел во една изборна единица, за која ЦИВИЛ и други невладини организации во земјата говорат повеќе од една деценија наназад. Врз основа на анализите на процесот, ставот на ЦИВИЛ во врска со оваа иницијатива, е дека нема доволно време да се спроведе.
„Најмалку 6 месеци пред избори треба да почне да се подготвува нов изборем систем, во овој период нема услови тоа да се направи.
Министерката за правда, Рената Дескоска јавно го повика ЦИВИЛ за учество во работната група за изборни измени, која во моментот се води зад затворени врати и во која е исклучено граѓанското општество. Ние се сметаме себе си за вашни чинители кои пред сè работат во интерес на граѓан(к)ите – не сметаше дека во овој, веќе предизборен контекст, оваа група ќе даде значителни резултати во изборните реформи. Иако, верувам, со најдобри намери и водејќи се по препораките на ОБСЕ/ОДИХР, Министерството за правда ќе се обиде да направи сет измени, повеќе од техничка, отколку од суштинска природа, тоа, за жал, нема да ги даде посакувните разултати во оваа политичка и изборна ситуација во која се наоѓаме. Особено што една многу важна промена, изборниот модел – една изборна единица и отворени листи – крајно безобразно се опструира од ВМРО и ДУИ. Токму оваа ситуација беше ризикот на кој предупреди ЦИВИЛ кога побара брзи предвремени парламентарми избори со изборен законик што е во тотален хаос, со доволно простор за измени што барем од техничко-админостративен аспект би ги подобриле нештата или би ги санирале дел од вообичаените изборни нерегуларности“, рече Дерала.
Дерала нагласи дека Пржинскиот договор за формирање техничка влада 100 дена пред избори не вроди со плод во изминатите избори.
Воедно, на прес конференцијата, Дерала сподели дека на настанот на ЦИВИЛ: „Жртвите на режимот – сеќавања и слики“ кој ќе се одржи в сабота, на 21 декември, ќе учестуваат Велија Рамковски, Томислав Кежаровски, Љубе Бошковски и други, кои беа жртви на претходната режимска власт.
На истото место денеска, се одржува и целодневен настан „Перспективи 2020“ кој организацијата го организира веќе три години, а на кој познати експерти и активисти говорат за перспективите на земјата во наредната година. Овие активности се дел од проектот Граѓанките и граѓаните за слободно општество, поддржан од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.
извор ЦИВИЛ Медиа