Ние не знаеме каква е точно таму ситуацијата и затоа да им се пружи здравствена помош доколку е потребна. Ќе стигнат жени и деца. Ќе дојдат гениколошки и педијатриски тимови, матични лекари за сите да видиме дали евентуално е потребна лекарска помош. На сите ќе се направи ПЦР тестирање, а невакцинираните од тие што ќе дојдат, ден или два по тестирањето ќе бидат вакцинирани. Тоа ќе се спроведе на местата, односно хотелите, каде што ќе бидат сместени, изјави Филипче.
Македонскиот ракометен шампион Вардар ќе игра во финалето на „Хумел куп“, откако попладнево во полуфиналниот натпревар го совлада данскиот Холстебро со 33:28 (полувреме 14:13).
Нашиот млад каратист во финалето го победи фаворизираниот Италијанец Матео Аванзини. На патот до финалето, Стојановиќ претходно извојува победи и против Амир Зуауи од Франција, Мартин Елиас од Чешка, Артјом Јермолаев од Летонија и Хубер Јароцки од Полска. Освен златниот медал за Стојановиќ, за одбележување е и бронзениот медал што денеска го освои Матеј Белистојаноски по победата над Максим Каширски од Белорусија.