Скопје и Тетово се со најголем број новозаразени од Ковид – 19, но кривата која минатите недели беше во раст веќе се исправа, а паралелно се зголемува бројот на оздравени и вакцинирани граѓани.
Околу 40 илјади граѓани од денеска ќе можат да ги подигаат новите лични карти на кои ќе биде впишано новото име Република Северна Македонија. Печатењето и издавањето на личните карти е деблокирано откако Владата со подзаконски акт го овозможи тоа.
Просечната плата во јуни годинава изнесува 28.724 денари, што е за 7 отсто, односно за 1.877 денари повеќе во однос на јуни минатата година. За четири години просечната плата во државата, односно од јуни 2017 година досега, е зголемена за една четвртина, односно за над 6.000 денари.
МОЗАИК, Џабир Дерала: Не постојат граници и разлики меѓу луѓето, туку само можности за збогатување. Разликите меѓу луѓето се како брегови на континенти чии убавини сè уште не сме ги откриле. Затоа, треба да запловиме и да ги откриваме тие нови континенти. Секој човек е нов, убав континент, кој може да го запознаеме, во кој можеме да живееме, да се населиме и тој да се насели во нас.
ФРОНТ, Петрит Сарачини: Зелен хуман град – само од „едната страна“ на Вардар?! Во кандидатската листа на Зелен Хуман Град за локалните избори за Советот на Град Скопје нема ниту еден Албанец, Турчин, Ром, Бошњак, Македонец со исламска веросиповест/ Торбеш?! За каков зелен хуман град се залагаат луѓево – само од „едната страна“ на Вардар?! Зарем овие луѓе не сметаат на гласовите на нивните сограѓани Албанци, Турци, Роми, Бошњаци…?
Град Скопје денеска ќе ја одбележи 80-годишнината од основањето на Првиот скопски партизански одред (22 август 1941 – 22 август 2021).
Претседателот Стево Пендаровски од денеска до среда ќе престојува во работна посета на Украина, во чии рамки ќе учествува на одбележувањето на 30-годишнината од независноста на земјата.
РЕНДГЕН: Востание.
Авганистанците очајни да заминат од Кабул, талибанците смируваат, Бајден ангажира цивилни авиокомпании за помош при евакуацијата.
Неделава треба да пристигнат првите 250 терминали за читање на отпечатоци од прсти што ќе се применуваат на локалните избори на 17 октомври.
Познатиот српски актер Драган Бјелогрлиќ утрово е приведен, под сомнение дека рано утринава околу 4 часот физички го нападнал режисерот Предраг Гага Антонијевиќ во хотелот „Амбасадор“ во Ниш, пренесува „Блиц“.
Oваа есен проблем ќе имаат оние кои не се вакцинирани, предупредува директорот на Институтот за имуно-биологија, доктор Александар Петличковски. Во интервју за Телма, вели дека ситуацијата ќе се подобри кога 70 насто од населението ќе биде вакцинирано против ковид.
Швајцарскиот научник Саи Реди предупреди на опасноста од појавата на нов „супер сој“ на коронавирусот, што може да предизвика уште поголема загриженост ва светот во следните шест месеци.
Северна Кореја разви своја опрема за полимеразна верижна реакција (ПЦР) за спроведување на тестирање на коронавирусот, додека земјата се обидува да го потисне појавувањето на нови повеќезаразни видови на вирусот, јавија денеска државните медиуми во оваа земја.
Во организација на здружението за субкултура ПП ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ, на 26,27,28 и 29 август 2021г, во Центарот за култура Марко Цепенков ќе биде одржано десеттото јубилејно издание на Prilep Jazz Weekend фестивалот.
Ј. Ѓ.