ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Лажна вест е дека тепачката во Центар Жупа настанала поради сертификати за вакцинација

August 23, 2021 12:18
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Партиската машинеријата за жирење на лажни вести и дезинформации пуштена на најјако. Пред неколку дена избила масовна тепачка пред угостителски објект во Центар Жупа помеѓу две групи на гости, поради меѓусебни недоразбирања, меѓутоа на социјалните мрежи се споделува видеото од тепачката дека наводно е поради сертификатите за вакцинација, односно поради „рестрикциите на Венко“.

Видеото со лажната вест ја сподели Твитер профилот ‘903@NebesenMir со коментар „Дебар вечерва. Газдата инсистирал сите без сертификати да ја напуштат терасата на локалот“.

Потоа тоа видео оркестрирано го споделиле околу 50 Твитер профили, меѓу кои и Јанко Илковски (јади бурек), Чиз, Марга итн…

Дел од коментарите се со говор на омраза кон албанската етничка заедница.

Извесен Александар Видиски го објавил видеото на Фејсбук со порака „Рестрикциите на Венко! Видеото превземено од Твитер. Еве што се случува, додека тој си се шета слободно! Ова е во Дебар!“.

Видеото има над 380 споделувања и неколку коментари.

Таа дезинформација од социјалните мрежи ја презедоа порталите „Лидер“, „Република“, „Нетпрес“, „Прес24“, „Маркукуле“, „24инфо“ итн., и ја пласираа на нивните портали како вистинска вест дека тепачката настана поради „мерките на Филипче“.

Покрај тие што ја споделуваа оваа лажна вест имаше и мал број на твитерџии кои објавија дека се работи за лажна вест.

Според билтенот на МВР, настанот се случил на 19.08. околу 22.00 часот, кога пред угостителски објект во Центар Жупа, нарушен бил јавниот ред и мир со физичка пpecметка помеѓу Б.А.(3) , З.А.(35), Ш.Л.(26) и Б.К.(30), сите од Дебар, од една страна и О.Д.(32), Ш.Д.(33), О.Д. (18) и Е.Д.(19), сите од селото Голем Папрадник, општина Центар Жупа, од друга страна.

Ваквите лажни вести и дезинформации имаат за цел да ја дестабилизираат државата. Зад ваквите лажни објави кои поттикнуваат насилсво, наводно за рестриктивните мерки, најчесто се кријат партиски војници и ботови кои имаат за цел да ја срушат актуелната власт.

За жал, институциите со години молчат и на тој начин, ненамерно, ги охрабруваат креаторите на црната пропаганда да продолжат со поткопување на демократијата. ЦИВИЛ ги повикува надлежните институции да преземат мерки и да ги санкционираат тие што шират дезинформации. Неказнивоста во која уживаат членови и симпатизери на политички партии, новинари и јавни личности кои секојдневно шират црна пропаганда, мора да запре!

Извор: ЦИВИЛ МЕДИА

Next Post

ММФ ѝ додели на Северна Македонија 133 милиони СПВ или 161 милион евра кои ќе бидат вклучени во официјалните девизните резерви

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk