ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Економист“: Македонија меѓу државите кои дадоа најмногу причини за среќа и оптимизам во 2019 година

Во текстот на „Економист“ насловен „Која нација најмногу напредуваше во 2019 година“, Северна Македонија, Судан и Нов Зеланд се посочуваат како држави што најмногу напредувале во изминатата година, додека овогодишен победник е Узбекистан, земјата што, како што наведува весникот, го укина ропството. „Економист“ нашата земја ја посочува како импресивна, поради промената на името со цел промоција на мирот во соседството

December 19, 2019 16:40
in ОПШТЕСТВО, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Весникот „Економист“ ја вбројува нашата земја во државите кои дале најмногу причини за среќа и оптимизам во 2019 година, пренесува МИА.

Во текстот на „Економист“ насловен „Која нација најмногу напредуваше во 2019 година“, Северна Македонија, Судан и Нов Зеланд се посочуваат како држави што најмногу напредувале во изминатата година, додека овогодишен победник е Узбекистан, земјата што, како што наведува весникот, го укина ропството.

„Економист“ нашата земја ја посочува како импресивна, поради промената на името со цел промоција на мирот во соседството.

– Грција се противеше на поранешното име на земјата, Македонија, поради грчкиот регион со исто име. Грчката непопустливост ги спречи Македонците од пристапување на НАТО и започнување на преговори со Европската унија. Така, пратениците во Скопје ја голтнаа гордоста и гласаа за промена на името на државата. Гласањето се случи во февруари годинава. Односите со Грција сега се многу потопли. Изворот на раздор сега е отстранет од нестабилниот регион. Северна Македонија е на пат на полноправно членство во НАТО. За жал, Емануел Макрон, претседателот на Франција (земја на годината во 2017) ја блокира кандидатурата за ЕУ, стравувајќи дека пристапувањето на уште една земја од Балканот во клубот ќе ги изнервира француските гласачи, пишува „Економист“.

Овогодишен победник е Узбекистан, земја што под водство на Шавкат Миромонович, како што посочува весникот, спровела значителни реформи укинувајќи ги затворските работни кампови, дозволи влез на странски новинари и ја зајакна борбата против корупцијата.

„Економист“ оценува дека Узбекистан се уште има долг пат пред себе до полна демократија, но ниту една друга држава не напредувала повеќе од неа во 2019 година.

Според весникот, и Нов Зеланд заслужува почесно место поради одговорот на премиерката Џасинда Ардерн на масакрот во џамија во Крајстчрч, кога излезе јавно со шамија и рече дека напад на муслимани е напад на сите жители на Нов Зеланд, по што нејзината Влада забрани полуавтоматско оружје и откупи илјадници парчиања од јавноста.

„Економист“, исто така, оценува дека Судан е значително помалку деспотска држава во 2019 година.

Next Post

Актерката Силвија Стојановска во куќен притвор

НАЈНОВО

Фото: ЦИВИЛ

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Фото: Министерство за транспорт, комуникации и јавни работи на Кипар и Канцеларија на комесарката за родова еднаквост

Први семафори со женски фигури на Кипар: Мала промена со големи пораки за родова еднаквост

October 30, 2025
Скриншот

Селена Гомез домаќин на настан за подигнување на свеста за менталното здравје на младите

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk