ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНФО ПИТ

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози

August 25, 2021 09:13
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ
Share on FacebookShare on Twitter

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

РАБОТИ НА ПАТ:

СТРАБАГ АГ известува дека од 24.08.2021, поради изведување градежни активности на експресен пат А4 Штип-Радовиш, од 17:00 часот сообраќајот на потег Бучим – Радовиш, ќе се изведува по паралелен пат со ограничена бризна од 30 до 60 км/ч. Пренасочувањето се врши поради изведување на асфалтерски работи на истиот потег на главниот пат.

Виадукт Трејд известува дека на ден 24.08.2021 година (денес) во период од 10:00 до 16:00 часот, ќе важи времена измена на режимот на сообраќај во времетрање од 45-60 дена, со комплетно затворање на делницата при изведување на грaдежни активности – асфалтирање на Регионален пат Р1202, делница Маврови Анови – Жировница.

Прекин на сообраќајот за сите типови на возила, почнувајќи од 06.08.2021, од 09 до 15 часот, поради изведувње на градежно асфалтерски работи на регионалниот пат Р2335 Житоше-Кривогаштани.

Синтек Инженеринг ДООЕЛ известува дека согласно одобрението за затварање на сообраќај со број 11-3431/4 од 23.07.2021 година, заради санациони работи, мостот над река Пчиња, (Доброшане) во наредните 100 дена ќе биде затворен за сообраќај. Се поставува сигнализација која ќе го регулира сообраќајот од и кон Куманово.

СТРАБАГ АГ известува дека врз основа на Одобрение за времена на измена на режим на сообраќај на државен пат А1 делница Велес – Неготино, за на изградба на клучка Градско како дел од автопат А1 издадено од Министерство за транспорт и врски на 22.07.2021 со број 11-уп/52/4, на претходно поменатата делница ќе се изведуваат градежни работи и во следните 12 месеци ќе се применува времена измена на режимот на сообраќај.

СТРАБАГ АГ известува дека почнувајќи од 21.07.2021 година, целосно ќе биде затворен сообраќајот на делницата помеѓу клучките Штип – Запад до клучка Штип – Југ. Сообраќајот ќе биде пренасочен на веќе постоечкиот Регионален пат кој минува низ Штип преку Ново Село до клучка Штип – Jуг.

ЈП Македонијапат известува дека на регионалниот пат Р – 29275 крак Тетово – крак Попова Шапка и крак Шипковица – Бродец – Вешала, поради изведување градежни работи (асфалтирање), сообраќајот ќе биде во прекин од 08:30 до 16:30 часот секој ден, освен во недели и празнични денови. На местото на работите е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

ЈП Македонијапат подружница Велес известува дека ќе изведува градежни работи (надоградба и поправки) на коловозот на регионалниот пат Р – 1103 патен правец Кавадарци – Дреново. На местото на работите е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

ДГТ Жикол ги известува сите возачи дека заради изведување на градежни работи на патниот правец Миладиновци – Свети Николе – Штип, односно на делниците Кадрифаково и Преод, заради изградба на наплатните станици од 06.05.2021 г. сообраќајот се одвива согласно одобрениот времен режим.

ЕСКАВАТОРИ-МК ДООЕЛ СКОПЈЕ известува дека од 21.04.2021 година, почната е рехабилитација на државен пат А2, делница: Куманово – Страцин дел 1: од KM 0+000.00 до KM 15+195,85.

На магистралниот пат А3 правец Ресен – Охрид почнувајќи од 01.04.2021 г. (четврток) пред влезот во Охрид, се изведуваат градежни работи. На местото на изведувањето на работите поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

Дтг Жикол Дооел Струмица ги известува сите возачи дека поради рехабилитација на мост број 3 на регионален пат Р1103, делница Лакавица – Неготино, 2-ра фаза, од 24.03.2021 се забранува движење за сите видови на возила, односно целосно е затворен сообраќајот на овој патен правец во времетраење од 5 месеци.

ДГ Бетон АД – Скопје известува дека се изведуваат градежни работи за рехабилитација со проширување на Државен пат А1, делница Петровец – Катланово (лев и десен коловоз), односно од км. 37+046.94 до км. 41+798.92 во правец од Петровец кон Катланово и од 23+271.08 до 28+460.76 во правец од Катланово кон Петровец. На местото на изведување на градежните работи се одвива времен двонасочен режим на сообраќај со поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Сообраќајот се одвива континуирано без застој. Препорака до возачите за прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Работите за наведениот проект предвидени се да завршат на 31.07.2021.

Поради изведување работи на пат на магистралниот пат А2 Струга – г. п. Ќафасан (од бензинска пумпа ОКТА до влез во с. Радолишта) брзината е ограничена на 40 км/ч. На местото на изведување на работите е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Г.П. Викторија Инвест известува дека на 30.10.2020 г., започна со изведување на градежни работи на патниот правец А2 Кичево – Охрид, поточно на делницата помеѓу с. Климештани – с. Мешеишта, каде има изменет времен режим на сообраќајот. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Овој изменет режим на сообраќај ќе трае до завршување на градежните работи.

Г.П Илинден – Струга известува дека од 30.10.2020 г. на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – Песочан, кај с. Врбјани започна со изведување на градежни работи на пат.

(асфалтирање на риголи), каде има изменет времен режим на сообраќајот. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Од 28.09.2020 г. ГД Гранит започна со изведба на рехабилитација на регионалниот пат Р1303, секција Кичево – Македонски Брод, во вкупна должина од 26 км. Рокот за завршување на објектот е 31.07.2021 година. Ќе се изведуваат делница по делница во должина од 1 км. Сообраќајот при изведување на работите ќе се одвива по една сообраќајна лента, и ќе се регулира со пропуштање на возила координирано со знаменца.

Од 21.08.2020 година, ГД Гранит АД Скопје започна рехабилитација и реконструкција на регионален пат Р1205, делница Крупиште – Пробиштип. Поради тоа се врши измена на режимот на сообраќај, од крстосница со регионален пат Р2230, до влез во Пробиштип. Односно сообраќајот се пренасочува од мостот на р.Киселица кај клучка за с. Злетово, преку с. Ратавица до Пробиштип и обратно. Од особена важност е ова преносочување да го почитуваат возачите на тешки товарни возила кои транзитираат по овој пат. Одобрението е со важност од шест месеци, односно до комплетирање на сите работи.

ГД Гранит АД Скопје известува дека согласно издаденото одобрение за времен режим на сообраќај за време на реконструкција и рехабилитација на државен пат А2, делница Крива Паланка – ГП Деве Баир во период од 11.05.2020 г. до 02.2022 г. со основниот проект за изведба се предвидува стругање и асфалтирање на постоечкиот коловоз како и проширување т.е изработка на трета лента на постоечкиот пат. Во текот на работното време регулирањето се изведува со работници, а по завршувањето на работното време, регулирањето се врши со светлосна сигнализација – семафори (од Крива Паланка кон Граничен премин Деве Баир).

Викториа Инвест ДОО Елбасан Подружница Скопје изведува градежни работи на автопат Кичево – Охрид, делница 4 и 5. На делница 5 Подмоље – Охрид км.5+861 до км.9+835 има измена на режим на сообраќај соодветно обележано со сообраќајни знаци. Измената започна на 20.03.2020 г. и ќе трае до завршување на работите поради кои е утврдена потребата од измената.

Штрабаг АГ известува дека на магистрален пат, делница А4 Штип – Радовиш на стационажа км 4+040 се одвиваат градежни активности, сообраќајот се одвива по девијации и е регулиран со привремена сигнализација односно семафори./МИА/.

Next Post

Вчера аплицирани 14.554 вакцини, ревакцинирани се вкупно 507.443 граѓани

Shortcut

Најново

Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

July 11, 2026

Борјан Диневски: Песната „Трофеј“ги прикажува чувствата, немирот, љубовта, неизвесноста и внатрешниот свет на младите

July 11, 2026

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk