„Имаме починати шест лица од кои најмладиот е на 21 година. Бројот на вкупно хоспитализирани е 123 лица од кои една доза вакцина имаат само осум лица, а две дози само седум луѓе“, информира Нуредини.
За преглед или контрола во амбулантата на ковид-центарот помош за 24 часа побарале 188 луѓе.
Тетово е еден од градовите најжестоко погодени од четвртиот бран на пандемијата на коронавирус во Македонија./МИА/.