ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Тужба против Трамп поради поттикнување напад на Конгресот

August 27, 2021 09:46
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Седум полицајци задолжени за заштита на американскиот Капитол Хил го тужеа поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп.

Тие во тужбата наведоа дека Трамп, во договор со десничарски екстремистички групи, поттикнал смртоносен напад врз Конгресот на 6 јануари 2021 година.

Во тужбата поднесена до федералниот суд во Вашингтон, полицајците наведуваат дека нападот бил кулминација на повеќемесечната реторика на Трамп, кој, како што тврдат, бил свесен дека постои потенцијал за насилство, кое активно го охрабрувал со надеж дека на таков начин ќе ја запре верификацијата на изборната победа на демократскиот претседател Џо Бајден, објави Гласот на Америка.

Тужителите тврдат дека Трамп направил заговор со екстремистичките групи „Горди момчиња“ и „Чувари на заклетвата“, како и десничарските политички оперативци Роџер Стоун и Али Александар, кои го промовираа говорот на Трамп во близина на Белата куќа непосредно пред нападот врз Капитол.

– Заедно со другите обвинети, Трамп намерно и упорно изнесуваше и ги охрабруваше лажните тврдења за украдени избори со цел да ги дискредитира изборните резултати и да го поттикне гневот на неговите поддржувачи, се наведува во тужбата.

Ова е најнова во низата граѓански тужби, со кои Трамп е повикан на одговорност поради настаните од 6 јануари, кога неговите поддржувачи упаднаа во Конгресот.

Рон Фишети, личниот адвокат на поранешниот претседател Трамп, се уште не одговорил во врска со тужбата.

Во врска со слична тужба поднесена од демократскиот конгресмен Ерик Сволвел, Трамп тврдеше дека неговите постапки биле слобода на говор, која е заштитена со Првиот амандман на Уставот на САД, и дека не може да биде обвинет според американското граѓанско право, бидејќи на 6 јануари дејствувал во рамки на своите претседателски овластувања./MИА/.

Next Post

Битиќи: СДСМ е единствената политичка опција која покажа дека се грижи за сите граѓани

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk