Темел за сите идни реформски чекори, документ кој ќе овозможи креирање ефикасна и транспарентна институција во служба на граѓаните. Вака министерот за правда Боја Маричиќ ја претстави првата Функционална анализа за Министерството за правда на денешниот хибриден настан по овој повод.

Анализата, нагласи Маричиќ, дава целосен и сеопфатен приказ на сите надлежности на Министерството.
-Како Министерство за правда сметавме дека е повеќе од нужно да имаме ваква анализа, која ќе биде темел за сите идни реформски чекори кои ќе ги правиме, во насока на модернизација на Министерството за правда, но и во правосудството воопшто, потенцира министерот.
Функционалната анализа на Министерството за правда е поддржана од Амбасадата на Велика Британија во Република Северна Македонија, а спроведена од Центарот за правни истражувања и анализи. Овој документ заедно со функционалните анализи на 27-те основни судови, чија подготовка е во тек, ќе го заокружи процесот на подготовка на функционални анализи за сите правосудни институции во државата. /МИА/.




