ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Шекеринска и Тонин од Берово: Помошта на пожарникарите ќе продолжи во вид на опрема и обуки

August 28, 2021 10:28
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката Радмила Шекеринска и словенечкиот колега Матеј Тонин синоќа го посетија Берово, каде имаа средба со градоначалникот Звонко Пекевски и со локалното население.

На средбата градоначалникот ја пренесе благодарноста на луѓето од Малешевијата за помошта што им ја пружија словенечките пожарникари и Армијата при неодамнешните пожари. Тој изрази, како што рече, и огромна благодарност до министерката Шекеринска што издејствувала помош преку министерот за одбрана на Словенија, и рече дека општина Берово е отворена за соработка на планот на обуки и зајакнување на противпожарната единица.

Министерката Шекеринска рече дека по трагедијата што се случи во Берово и големата поддршка од Словенија, стана јасно дека на противпожарниот систем му е потребна реформа и дека поддршката од  пријателските земји треба да се користи во таа насока.

“Словенија има големо искуство, тоа се виде и во Берово и тоа ќе го искористиме. Министерот Тонин понуди шанса наши пожарникари да заминат на обука во Словенија, а на противпожарните единици да им обезбедат опрема и обука за ракување”, истакна Шекеринска и дополни дека двете држави ќе настапат со заедничка програма за реформирање на противпожарниот систем во земјава.

“Берово ги зближи нашите две земји во врска што ќе се памети и ќе трае засекогаш”, изјави министерката за локалните медиуми.

Министерот за одбрана на Словенија Матеј Тонин истакна дека е задоволство да се помогне на пријателите кога најмногу имаат потреба од помош.

“Веднаш се одзвавме на повикот со праќање на противпожарни екипи и опрема. Задоволство ми е што бевме дел од успешната акција за победа над пожарите за да се спаси она што беше неопходно да се спаси, на што сме многу горди. Берово е најпознатиот македонски град во Словенија, бидејки луѓето со внимание ги следеа вестите од овде за време на пожарите. Берово цело време беше присутно во медиумите, така што нашите срца беа со вас во тоа време и радосни сме што немаше човечки и материјални штети”, рече Тонин.

Тој посочи дека Словенија преку нашето Министерство за одбрана ќе продолжи со поддршката во делот на противпожарната заштита особено преку донации во опрема како поддршка за пожарникарите.

Во знак на благодарност Берово им додели плакети на министрите и на Здружените сили на Словенија за цивилна заштита.

Next Post

Авторката Делчева - Диздаревиќ: Четврто одделенците ќе совладуваат читање со разбирање, а дигиталниот учебник ќе биде алатка повеќе за успешно изучување на македонскиот јазик

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk