По низа обвинувања и четири години опозиција, ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците ќе се поддржуваат за локалните избори. Не соопштија дали и какви услови имале за склучување на партнерскиот однос, ниту која партија во која општина ќе има кандидати.
Лидерите Христијан Мицкоски и Зијадин Села не се појавија ниту пред јавноста за да објаснат дали и како ги закопаа „секирите“ за различните ставови кои ги имаа по прашањата како што се Законот за употреба на јазиците, Преспанскиот договор, промената на Уставот и уставното име, Договорот со Бугарија.
Додека Алијанса за Албанците даваше поддршка, ВМРО-ДПМНЕ секојдневно критикуваше. Критиките од јавноста прејдоа и во шеги на социјалните мрежи, откако партијата на Села се одлучи да соработува со партијата на Мицкоски, чии членови се осудени дека го организирале упадот во Собранието, каде тој беше крвнички претепан до бесознание.
Села никогаш не доби извинување од Мицкоски за претепувањето на „27 април“
Во ноември минатата година беше и една од првите средби помеѓу Зијадин Села и Христијан Мицкоски. По разговорите зад затворени врати, детали не се соопштија. Арбен Таравари кој е генерален секретар на Алијанса за Албанците само соопшти дека Села добил извинување од Мицкоски за случаите на „27 април“, каде беше претепан до бесознаение. Тоа го оцени како позитивен сигнал.
Целиот текст на: А1он