Економските политики на Владата предводена од СДСМ ги даваат очекуваните резултати, економијата излегува од кризата витална, развојна и динамична, истакна на прес-конференција Размена Дуровиќ – Чекиќ, претседателка на Комисија за економија на СДСМ. Просечната плата континуирано расте и од јуни 2017 година досега е зголемена за над 6.000 денари. Денес стапката на невработеност е на историски најниско ниво и изнесува 16 отсто.
Рударството е еден од главните двигатели на нашата економија. Со преку 100 активни рудници, заедно со придружните дејности што го опслужуваат, овој сектор вработува околу 10 000 луѓе и учествува со нешто повеќе од 10 проценти во вкупното индустриско производство на Република Северна Македонија, напиша попладнево премиерот Зоран Заев на „Фејсбук“.
Со денови ги следам ужасните коментари на социјалните мрежи, напиша активистката за човекови права Мерсиха Смаиловиќ на својот Фејсбук профил. „Од посакувањето на смрт на Авганистанците па се до измислување приказни за нивно населување поради “исламизација” и продавање на Македонија. За нив, сите Авганистанци се терористи. Луѓето се со име и презиме, не се ни срамат ни кријат.
Од Лондон преку Цирих вечерва на Меѓународниот аеродром – Скопје, во 19:30 часот пристигнуваат 20 наши граѓани кои претходно беа евакуирани од Авганистан, но поради Ковид мерките беа во карантин во Свиндон, Велика Британија.
Во рамки на националната кампања за вакцинација на Владата на Република Северна Македонија, се вклучија и бројни јавни личности, кои ја изразија својата поддршка и упатија апел за вакцинација. Еден од нив е македонскиот фудбалски ас, Горан Пандев кој се вклучи во кампањата.
М. М.