Билал Касами, претседател на Беса, на прашањето кои се нивните барања за евентуална поддршка на новиот Закон за Јавно обвинителство, во неделното интервју на Радио Слободна Европа, изјави дека во Законот сите предмети, односно прислушувани разговори, преземени од СЈО, да се префрлат во ЈО.
„СЈО беше искористено само да се промени власта. Излгува дека, освен резултатот да се смени Груевски, СЈО не донесе друго конкретно решение во искорнување на криминалот и корупцијата“, изјави Касами.