ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Царовска: Едно општество може да биде хумано само ако не ги остава зад себе ранливите

Министерката потенцира дека разликата помеѓу тоа како државата порано се грижела за овие деца и лица, и како се прави тоа сега.

December 20, 2019 13:18
in СОЦИЈАЛА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Системот за згрижување деца, но и лица со поречености полека се менува. Државата повеќе години прави напори за негова промена, а во изминатите две години можат да се видат резулати во процесот на деинституционализација. Процесот треба да продолќи и натаму, затоа што едно општество ако ги остава ранливите позади себе, не може да биде хумано, порача министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Таа потенцира дека разликата помеѓу тоа како државата порано се грижела за овие деца и лица, и како се прави тоа сега.

– Посетивме некои од старите објекти кои беа институции за сместување деца, дали без родители или со воспитно социјални проблеми, со одредени судски мерки, но посетивме мали групни домови за да се види разликата меѓу начинот на кој државата порано се грижеше за овие деца кои се наши, на системот, и како сега ја нуди оваа грижа. Ова е долгорочен процес, кој не застанува денеска, ниту почна вчера. Со години оваа држава се обидуваше да направи промена на системот за грижа за деца и лица со специфичности, да нема повеќе институции, но, во овие две години интензивно се чуствуваат резултати во оваа област. Овој процес треба да продолжи со ист интензитет и иста енергија понатаму, затоа што целиот систем треба да се трансформира оваа грижа да стане одржлива со цел децата да го добиваат најдоброто, рече Царовска.

Според неа, едно општество може да каже дека е хумано и солидарно само ако покаже соодветна грижа за најранливите. Ако нив ги остави зад себе, додаде, тоа значи дека тоа општество не е хумано.

Министерката потенцира дека успешно се надминати наголем дел од предизвиците во реализацијата и прифаќањето на деинституционализацијата. Во наредниот период предизвици ќе има и во мали групни домови и во институциите, но треба заеднички со иста енергија да продолжиме да веруваме се додека секоја институција не биде трансформирана и сите деца не добијат соодветна грижа и поддршка од соодветни и стручни кадри.

Патриција ди Џовани, е претставник на УНИЦЕФ во земјава вели дека деинституционализацијата е веќе меѓународна пракса, пред се поради фактот дека, како што рече, научно е докажано оти институциите не се добри за децата, за луѓето, за развојот на мозокот и за развој на врски, приврзаност, емоции и нешта што не прават одговорни и фер возрасни лица.

– Северна Македонија одржува чекор, ако не е и неколку чекори напред со тоа што се ослободува од институциите и воспоставување похуман и научно докажано покоректен и исправен начин за грижа за децата. Можевме да видиме каде овие деца порано живееле и оти тоа не е место на кое треба да се одгледува било кое дете. Искрено ако јас не можам да го одгледувам на такво место моето дете, ниту едно не би требало тука да биде одгледувано, рече таа.

Пораката што како УНИЦЕФ сакаме да ја пратиме е дека треба да формираме систем во кој сите граѓани ќе имаат еднаква шанса да го искористат својот целосен потенцијал.

 

Од Министерството за труд и социјална политика истакнуваат дека се работи на исполнување на целта до 2021 година да нема ниту едно лице во институција од социјалната заштита, а тоа ќе биде кога ќе се заврши и Демир Капија која е наголема институција и најтешка за трансформација. Во моментов остануваат 180 воздрасни лица кои треба да се извадат од институции. Од 186 деца, колку имало во институции кога го Царовска го презела раководењето со Министерството, последните три до крајот на годинава ќе бидат префрлени во последна единица.

Next Post

Панелот на ЦИВИЛ: „Жртви на режимот – сведоштва и слики“, да не се заборави

НАЈНОВО

Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk