По 30 години намалувањето на членовите на надзорните и управни одбори не само што ги намалува непродуктивните трошења туку ние како Влада имаме за цел да ги професионализираме овие вработувања, истакна Николовски. Да не се место каде ќе се задоволуваат лични потреби, со намалувањето на надзорните одбори од 5 на 3, управните од 15 на 7, тоа значи дека сретствата издвоени за нивните хонорари ќе можеме да ги пренасочиме во попродуктивни трошоци, додаде.
Според статистичките податоци и проекциите, државата годинава излегува од криза и влегува во раст и заздравување. Министерството за финансии оценува дека се стабилни очекувањата за раст од 4,1 проценти и инфлација од 2,1 процент годинава.
Наскоро ќе го имаме нацртот на новиот закон за конфискација на имот и во месец септември ќе започнат јавните дебати, разговорите со универзитетската јавност, поточно со сите засегнати страни, како и политичките чинители во општеството, рече во гостувањето во вестите на Канал5 вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски.
Попладнево беше отворен Адреналинскиот парк, финансиран од ЕУ и локалната самоуправа. Овој Спортско рекреативен парк е прв од ваков вид во главниот град. Зоната е на површина од 10.000 метри квадратни има адреналински дел, игралиште за фудбал и одбојка на песок со трибини, реконструиран скејт парк, сквер, детско игралиште, а поставена е и соодветна урбана опрема. Во склоп на паркот и неговата околина засадени се нови 80 високоизраснати дрвја, нова тревна површина, а поставен е и систем за неговор наводнување и одржување.
Забрчанец денеска учествуваше на панелот на тема „Во борба против дезинформациите со информации: Обезбедување безбедност преку факти“, во рамки на Бледскиот стратегиски форум кој оваа година беше посветен на „Иднината на Европа“. Истакна дека Владите имаат должност да објавува и вешто да промовираат точни информации, тоа е одговорот за дезинформациите.
М. М.