ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пладневен преглед: Засега нема интерна трансмисија на ковид во ниту едно училиште, смртноста најголема во градовите со најмалку вакцинирани…

September 3, 2021 11:58
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС

МЗ: Смртноста на пациенти со ковид најголема во градовите со мал процент вакцинирани. Во Гевгелија, Кавадарци, Ресен и Берово кадешто опфатот со вакцинација е помеѓу 54-61 процент, бројот на починати е најмал, односно има по еден починат. Тетово, го пречека бранот само со 19 отсто вакцинирани граѓани во јули, таму имаше најголем притисок врз болниците, најголем број хоспитализирани пациенти и најголем број смртни случаи, 106 до крај на август. Последните недели драстично е зголемен интересот за вакцинација во Тетово и изнесува скоро 37 проценти. Слична е состојбата и во Гостивар.

Д-р Мехмедовиќ: Кај заразените од делта-сојот дури за четирипати е зголемена потребата од интензивно лекување. Според него, дополнителен проблем за црната ковид-статистика се и невакцинираните граѓани.

Царовска: Нема интерна трансмисија во ниту едно училиште, покажувањето со прст нема да донесе добро никому. Епидемилошките служби како и Државниот санитарен инспекторат се на терен. Кои ученици и училишта се таа информација ја имаат надлежнисте.  Имаме само 14 позитивна случаи кои немаат интерна трасмисја, но тоа  е 0,01 процент од сите ученици во земјава, изјави Царовска.

МОН: Само 0,01 процент активни случаи меѓу учениците и наставниците, доследно да се почитуваат мерките за заштита. Учениците, наставниците и другиот помошно-технички персонал во училиштата задолжително носат заштитни маски во затворен простор, задолжително се мери телесна температура на влез во објектите и се прави дезинфекција на рацете. Исто така, постојано се проветруваат училниците и се прави честа дезинфекција на клупите и подовите, информираат од МОН.

Актуелните мерки за влез во Грција продолжени за уште една седмица. Документ поврзан со Ковид-19, пополнет PLF формулар и задолжително тестирање при пристигнувањето во земјата за оние кои од Северна Македонија патуваат во Грција со негативен тест, се актуелните мерките за влез кај јужниот сосед, што се продолжени за уште една седмица со одлука на грчката Влада.

Исклучен Дир Максо…Сите партиски луѓе од сите партии се чуваат себе си како доказ за диктаторството, султанизмот, приватизираноста и шверцерството на една партија и како успиени агенти на студената војна чекаат да бидат разбудени со телефонски повик во кој ќе им се соопшти пасвордот за разбудувањето: Исклучен! Не, јас не ја бранам партијата, Максо, јас те напаѓам тебе. Ако така си го разбрал ова четиво, добро си ме разбрал….пишува Бранко Тричковски.

Смарт паркинг кај Зоолошка градина.

Ах, тој Рама!  „Тепано (политичко) куче“ е Рама токму од таквите свои конкуренти – патем, во неговата биографија врз него има и неколку физички напади – оти да излезеш на крај со политичко-криминалните кланови на Нано и Бериша во Албанија е како да освоиш олимписко злато во пливање со две врзани раце, без помош на пераи….ќе прочитате во најновата колумна на Сашо Орданоски.

В недела почнува пописот, се прават последните подготовки. Премиерот Зоран Заев вчера рече дека не очекува проблеми со спроведувањето на пописот, а во одговор на новинарско прашање како ќе се решаваат ситуации со оние граѓани кои нема да примат невакцинирани попишувачи, тој најави дека ќе има рокади на попишувачите.

 И. Т. З. 
Next Post

Зимер – Ангеловска-Бежоска: Успешното работење на Народната банка е клучно за македонската економија

НАЈНОВО

ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

Шокантно откритие во Италија: Фејсбук група споделувала интимни фотографии од жени без нивна согласност

August 22, 2025
Photo by Ulleo on Pixabay

Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk