ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Вечерен преглед:Маленко го изостави од списокот за стипендии младиот пливач и државен рекордер Ѓуретановиќ, 25-годишен пациент почина од ковид

September 4, 2021 21:04
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Маленко го изостави од списокот за стипендии младиот пливач Ѓуретановиќ, државен рекордер во четири дисциплини….Според кои критериуми се прават списоци за стипендии на млади спортски надежи во МК? Според постигнати резултати, или според лична волја на претседателите на спортските федерации…Каква порака до младите таленти испраќа со оваа неправда претседателот на федерацијата Александар Маленко? Дали сака да им каже, немојте да тренирате, немојте да спортувате, немојте да победувате, немојте да рушите рекорди, пошто на крај јас ќе бидам тој што ќе носи одлуки и што ќе ви ја одреди иднината!?, прашува Ацо Лукаровски.

Меѓу 32-та починати и 25-годишен пациент, нови 708 случаи на ковид 19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 179.587, бројката на оздравени пациенти е 158.441, на починати е 6.045, а бројот на активни случаи изнесува 15.101.

Едно лице загина, а седуммина повредени во сообраќајка, осудениот Кичеец учесник во несреќата. Во СВР Тетово е пријавено  дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на Новоселските гробишта, се случила сообраќајна несреќа. Во неа учествувале три моторни возила: џип „мерцедес”, патничко возило „бмв” и камионет.

Зоран Милески – Кичеец бил на 30 дневно отсуство поради неодложни лекарски прегледи. Во сообраќајната несреќа едно лице загина, а седум се повредени, од кои четири потешко, поради што се пренесени на Клиничкиот Центар во Скопје.

Четири лица, кои се здобиле со потешки повреди во сообраќајната несреќа на патот Гостивар-Кичево, се пренесени во Скопје. Непосредно по сообраќајката организиран е тим од медицински персонал кој ги прими повредените во ообраќајната несреќа. Тројца, поради сериозноста на повредите и не во животозагрозувачка состојба, се испратени на скопските клиники. Набрзо за Скопје е испратен уште еден пациент, а останатите тројца коишто биле донесени на Урегентното одделение се медицински згрижени, изјави за МИА директорот на гостиварската Општа болница „Ферид Мурад”, Јакуп Јакупи.

Невработеноста во вториот квартал од 2021 година, на историски најниско ниво од 15,9 %. Земајќи ги предвид традицијата и нискиот опфат на деца во претшколска дејност, оваа Влада работи на изградба и отворање детски градинки низ целата земја како никогаш до сега, што дополнително треба да влијае на активирање на голем дел од женската популација на пазарот на труд“, пишува Заев.

(ВИДЕО) Богоев: Граѓаните се уморни од политички обвинувања, но фактите и вистината не смеат да бидат заборавени. Денеска имаме случај (кај гимназијата „Здравко Цветковски“) каде што бришеме 2 маркици за станбени згради од државно земјиште и планираме зелени површини, со цел да се намали штетата во тој дел од Карпош. Граѓаните се уморни од политички обвинувања, но фактите и вистината не смеат да бидат заборавени“, изјави Богоев.

Во Подгорица литургија, во Цетиње протести.  Група демонстранти кои се против устоличувањето на новиот митрополит на Српската православна црква во историскиот главен град на Црна Гора, ја пробија полициската блокада на влезот од Цетиње и поставија барикади, но и жив штит.

И. Т. З. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Внука со нож се обидела да ги убие сопствените баба и дедо во Битола

June 11, 2025

Мицкоски: Бујар Османи директно стави нож во белите дробови на македонскиот идентитет

June 11, 2025

Генералниот секретар Димитријевиќ назначен за шеф на Изборниот штаб на СДСМ

June 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ципрас и Заев им ја доделија Преспа наградата за мир на режисерите на документарниот филм „No Other Land“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи до Мицкоски: Можеш да вреѓаш, да се закануваш и да фрлаш клетви, но ние Албанците не сме гости во оваа земја туку домаќини

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова за НоваТВ: Поднесов кандидатура во СДСМ за градоначалник на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако некој некогаш праша – нас нè има таму

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како да живеам со оваа тишина за Газа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk