ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Сe пробива нова улица во кругот на Клинички центар

September 5, 2021 08:52
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА

Град Скопје преку јавното претпријатие Улици и патишта започна пробивање на нова улица во кругот на Клинички центар која дополнително ќе го олесни движењето на возилата и пешаците што ќе овозможи намалување на застојот предизвикан од зголемената фреквенција на пациенти како последица на пандемијата на коронавирусот.

Минатата година, од истата причина во рекордно краток рок беше извршена реконструкција на паркингот и сервисните улици на во кругот на Клиничкиот центар што значително ја зголеми мобилноста која беше неопходна, особено заради итните случаи во вонредните околности кои ги наметна пандемијата.

Во тие рамки изграден е посебен влез за возилата на итната медицинска помош, со физички одвоена сообраќајна лента која го поврзува овој влез со Ургентниот центар. Дополнително, отворен е нов влез кај инфективната клиника, изграден е нов паркинг простор на локацијата каде што се наоѓа мобилната болница со површина од 7000 метри квадратни, а ослободени се и тротоарите од паркирани возила.

Изграден е и нов влез кај клиниката за стоматологија со кој беа создадени услови за целосно одвојување на влезовите и на трасите на движење на возилата за брза помош од оние на останатите возила кои влегуваат во кругот на Клинички.

Реконструирани се двата постоечки паркинзи кај клиниките за хирургија и за гинекологија и акушерство. Со нивната реконструкција и изградбата на новиот паркинг кај монтажната клиника, површината за паркирање која во минатото изнесуваше околу 6.000 метри квадратни,  сега изнесува околу 20.000 метри квадратни.

Реконструирани се и околу 90% проценти од улиците и тротоарите кои ги поврзуваат клиниките во Клиничкиот центар, а засадени се и нови дрвореди кои ќе го збогатат зеленилото коешто дополнително го облагородува овој простор.

Next Post

Земјотрес синоќа регистриран во струмичкото подрачје

НАЈНОВО

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025
Фото: Скриншот, видео од Х

(ВИДЕО) Тесла Cybertruck доби максимални пет ѕвездички на тестот за безбедност

August 23, 2025

Шукова и Мојсова: Кејот на Вардар во Карпош ќе биде уреден, осветлен и функционален

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk