ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски: Пребројувањето само и само по етничката припадност треба да стане дел од историјата

September 5, 2021 10:49
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Не очекувам дека поради политички тензии некој може да ги компромитира резултатите од пописот, но ситуацијата претходно не беше таква, вели претседателот Стево Пендаровски во интервју за Радио Слободна Европа, во врска со денешниот почеток на пописот, но и можноста наративот дека станува збор за пребројување на Македонци и Албанци да ја поткопа операцијата.

-Ние не можеме сосема и да сакаме да излеземе комплетно од таа матрица на пребројување по етничка припадност оти во нашиот Устав има одредба дека одредени права и статуси им припаѓаат и на оние немнозински заедници кои се најмалку 20 отсто од популацијата, така што тоа е одредба од Рамковниот договор, тоа е одредба од нашиот Устав, мораме да ја почитуваме, инаку се согласувам како што одминуваме, неодамна прославуваме 20 годишнина од Рамковниот договор, мислам дека пребројувањето само и само по етничката припадност треба да стане дел од историјата, истакна Пендаровски.

Во врска со престојните локални избори и напливот на независни листи за советници и за кандидати за градоначалници, шефот на државата смета дека тоа е мал чекор кон демократизација на нашето општество.

-Диверзификацијата, разновидноста може само да ја обогати македонската демократија, не може да ја направи полоша. Мене ми е драго што тоа се случува, иако мислам дека во таа насока власта преку својата нормативна дејност во наредните месеци и години, заедно со опозицијата, бидејќи тие изборни законодавности се менуваат со целосен консензус, ќе мора да направи уште неколку исчекори, на пример една изборна единици, без праг, за да се овозможи и помалите политички субјекти да не бидат приврзоци на големите политички партии, туку да имаат една своја автономија и конечно да понудат нешто ново на политичкиот пазар, додава шефот на државата.

Се осврна и на високата корупција, за која вели дека за жал станала начин на живеење и тука имаме прилично многу за домашна задача на домашната агенда.

-Во тој дел, а тоа го покажува и последниот извештај на Транспарентност, да бидете на 111 место во светот не е за фалење, додава Пендаровски, а во врска со потпишувањето на Законот за изградба на автопати без тендер од страна на американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енка, иако Државната комисија за спречување на корупцијата достави до Уставниот суд Иницијатива за оценување на уставноста на овој закон, Пендаровски вели дека негова надлежност не е да ја оценува уставноста на законите кои ги потпишува и оти тоа е работа само на Уставниот суд.

Next Post

ЦИВИЛ за пописот на населението: Осуда на политизацијата, повик за учество и поддршка на процесот

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk