ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

СДК: Гостиварското обвинителство отвори истрага за сообраќајката пред Стража бидејќи има жртва, со Кичеец се возеле двајца српски државјани

September 5, 2021 13:52
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

За вчерашната тешка сообраќајна несреќа пред Стража, во која во судир на 3 возила при претекнување на полна лента загина едно лице, а седуммина се повредени, Обвинителството на Гостивар отвори истрага. Во несреќата во која учествувал и осудениот во случајот „Рекет“ Зоран Милевски-Кичеец, како осудено лице на едномесечно отсуство дадено за лекарски прегледи, тој е полесно повреден, а настрадани лица од неговата кола немало, објави Сакам да кажам.

Починатото лице било во камионетот. Во сообраќајката учествувале автомобили „мерецедес“, управуван од Милевски, „бмв“, и камионет. МВР веднаш ја потврди сообраќајката, како и тоа дека еден од учесниците е осудениот Милевски. За натамошни информации МВР упатува во Обвинителството кое го презеде случајот.

„Несреќата се случила околу 15.30 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на новоселски гробишта во Ново Село, помеѓу патничко моторно возило ‘мерцедес’ со кичевски регистарски ознаки, управувано од З. М. (41) од Охрид, патничко моторно возило ‘бмв’ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Е. Н. (23) од с. Радиовце, Тетовско, и товарно моторно возило ‘фургон сангјонг’, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Б. Љ. (32) од с. Д. Бањица, Гостиварско. На местото на несреќата починал сопатникот од товарното возило С. Е. (34) од Гостивар. Со тешки телесни повреди се здобиле двајца сопатници од возилото ‘мерцедес’ П. Ж. (51) и М. М. (42) двајцата од Р. Србија, сопатникот од товарното моторно возило М. К. (31) од Гостивар и возачот Б. Љ., а со телесни повреди повреди се здобиле возачите З. М. и Е. Н. како и сопатникот од возилото ‘бмв’ Р. Р. (23) од с. Г. Палчиште, Тетовско, констатирани во Ургентниот Центар во Гостивар. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар во присуство на Јавен обвинител”, соопшти МВР.

Милевски од Управата за извршување санкции добил решение да користи 30-дневно отсуство од затвор, „поради неодложни лекарски прегледи“. Определеното време за медицински испитувања е од 8 август до 8 септември.

Милевски казната затвор ја издржува во отвореното одделение во затворот во Струга. Тој веќе има издржано повеќе од половина од затворската казна и до 8 септември треба да се врати на доиздржување на казната.

Извор: СДК.МК

Next Post
МИА

Во гостиварско почна попишувањето на населението, обезбедени се сите услови

Shortcut

Најново

(ВИДЕО) Архангел ја враќа суровата магија – „Дни оловни“ – песна со возвишен рок сензибилитет

June 5, 2026

Мицкоски од Самитот во Тиват: Градиме пријателства и отвораме врати со Макрон и Мерц за европската иднина

June 5, 2026

СДСМ: Пораките од Кошта и извештајот на Вајц ги разобличија лагите на Мицкоски за ЕУ и реформите

June 5, 2026
Фото: Министерство за правда

Министерство за правда: Усвоените патокази се препознаени како клучен напредок на патот кон ЕУ

June 5, 2026

Започнува 60. МТФ Војдан Чернодрински – Прилеп

June 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk