ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во штипските училишта по еден позитивен или суспектен случај на коронавирусот

September 6, 2021 16:32
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во штипските основни и средни училишта и покрај тоа што има по еден позитивен ученик на коронавирусот или суспектен состојбата не е загрижувачка смета градоначалникот, а воедно и командант на Општинскиот кризен штаб, Сашко Николов.

Од Центарот за јавно здравје-Штип информираа дека до денеска имаат регистрирано по еден заразен ученик во основните училишта „Тошо Арсов“- Штип и „Страшо Пинџур“ во Карбинци, одделенијата во кои учеле учениците се ставени  во изолација, еден позитивен случај има во средното електро-машинско училиште „Коле Нехтенин“, таму 18 ученици од паралелката во кој учел средношколецот се во изолација, во најголемото основно училиште  „Ванчо Прќе“-Штип има двајца суспектни наставници, денеска се тестираат, во зависност од резултатите се прави и проценка на ризикот, врз основа на анкетата што се прави со наставниците ќе се донесе и одлука од епидемиолог. Надлежните од Центарот за јавно здравје-Штип велат дека имаат и еден заразен ученик и еден суспектен и во средното училиште за специјално образование и воспитание „Искра“-Штип.

Градоначалникот Николов вели дека многу значајно е што училиштата се безбедни, а учениците или наставниците со коронавирусот се заразиле надвор од училниците.

-Во овој момент можеме да кажаме дека во основното училиште „Ванчо Прќе“ имаме позитивен наставник, кој е во изолација, а еден или двајца ученици имале контакт со позитивен на коронавирусот и цело одделение од претпазливост е ставено во изолација. Во основното училиште „Тошо Арсов“ имаме двајца ученици во изолација поради тоа што во семејството имале позитивен на коронавирусот, затоа ги ставивме децата во изолација, со цел да не направиме пандемија меѓу учениците и во основните училишта „Славејко Арсов“ и „Гоце Делчев“ имаме ученици кои поради контакт во семејството се ставени во изолација, вели Николов.

Што се однесува за средните училишта, само во штипската гимназија „Славчо Стојменски“ до денеска немаат пријавено ниту заразени или суспектни ученици и наставници.

-Генерално работите ги држиме под контрола, учениците ги почитуваат протоколите, рече Николов.

Апелира до родителите на учениците доколку имаат симптоми или некој близок во семејството е позитивен или суспектен да не ги пуштаат своите деца на училиште, се додека не им се направи тестирање.

Во Штип има 176 активни случаи на коронавирусот, а зголемување на бројот на позитивни случаи се должи и на зголемениот број на тестирања и во Центарот за јавно здравје во Здравствен дом „Панче Караѓозов“-Штип./МИА/.

Next Post
ФОТО: МИА

Богдановиќ до Котлар за „Скопје 2014“: Никој од оваа власт не учествувал во еден од најкриминалните проекти во Европа

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk