ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Цели паралелки во изолација, СДСМ изгради 60 градинки, ВМРО-ДПМНЕ само 60 споменици, нова колумна од Орданоски

September 7, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Бројот на новодијагностицирани пациенти со Ковид-19 се намалува, а во меѓувреме расте опфатот на вакцинација против Ковид-19 на возрасните граѓани. Инаку, акцентот е ставен на промоција на повик кон помладите да се вакцинираат, а поради вирусот, од вчера во изолација се ставени неколку паралелки во Велес, Штип и Прилеп, иако според надлежните, училиштата засега не се во ризик.

Вториот ден од пописот го одбележаа помали технички проблеми, кои според Државниот завод за статистика успешно и брзо биле надминати. Властите оценија дека пописот стартувал успешно, и апелираа граѓаните да се вклучат во процесот, да ги дадат потребните податоци, со цел државата да може да спроведува политики согласно реалната слика.

Парите на граѓаните ВМРО-ДПМНЕ ги вложуваше во непродуктивни работи, во скулптури и споменици, кои заедно со Белата палата, седиштето на опозицијата во стечај, стојат како паметник на безумното владеење и безочното трошење на народните пари.СДСМ изгради и обнови 60 градинки, ВМРО-ДПМНЕ постави 60 споменици.

Заев, заедно со Битиќи и министерот за финансии Фатмир Бесими, денеска прими делегација на Светска банка. Премиерот Заев на средбата ја истакна плодотворната соработка со Светска банка во широк спектар на области од клучно значење за Северна Македонија во последните години во реформирањето и модернизирањето на сите сегменти на македонската економија.

Европската агенција за лекови (ЕМА) соопшти дека ги проценува податоците за третата или засилувачка доза на вакцината Фајзер/Бионтек против Ковид-19, која се дава шест месеци по втората доза кај луѓе над 16 години.

„Државава нема да биде добро место за живеење за никого, доколку не ја направиме да биде добро место за живеење за секого.“ Ова не е изјава на некој македонски политичар во изминатите триесетина години, туку на американскиот претседател Теодор Рузвелт, таму негде од пред 120-тина години. Па, и најстарата демократија со пишан устав во светот, САД, знаеме, 234 години секојдневно се бори да го достигне идеалот на својот 26-ти претседател Рузвелт. И не им оди лесно… Честит празник! Заслуживме!, пишува САШО ОРДАНОСКИ/ ЦИВИЛМЕДИА

М. М.

Next Post

Царовска: Сместувањето тече во најдобар ред со максимално почитување на протоколите

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk