Почнува со реализација пречистителната станица Скопје која ќе се гради на реката Вардар, како една од најголемите инвестиции за инфраструктурен проект за заштита на животна средина во земјава, соопштуваат од Центарот за комуникации на СДСМ, а пренесува МИА.
„СДСМ трајно го решеава третманот на отпадни води во Скопје.
Инвестираме во проект што му е ургентно потребен на Скопје, затоа што зголемувањето на населението, урбанизацијата и брзата индустријализација континуирано ја зголемуваат количината на непрочистени води што домаќинствата и фирмите ги испуштаат во Вардар.
Проектот ќе чини 136 милиони евра, а средствата се обезбедени преку кредити од Европската банка за обнова и развој и Европската инвестициска банка и треба да биде пуштен во употреба во 2025 година.
Годишно, пречистителната станица ќе третира над 50 милиони кубни отпадна вода. Прочистената отпадна вода, ќе го намали нивото на загадување на реката Вардар.
Веќе се направени пречистителни станици во Прилеп, Радовиш, Струмица и Кичево.
Системски се грижиме за заштита на животната средина.“, нагласуваат од СДСМ