Страотна несреќа се случи во Тетово каде има и жртви во пожарот кој го зафати Ковид центарот. Точниот број на лица кои го загубиле животот, повредените и нивната состојба се утврдува во моментов. Страотна несреќа се случи во Тетово каде има и жртви во пожарот кој го зафати Ковид центарот. Точниот број на лица кои го загубиле животот, повредените и нивната состојба се утврдува во моментов., напиша Филипче на Твитер.
Страотна несреќа се случи во Тетово каде има и жртви во пожарот кој го зафати Ковид центарот. Точниот број на лица кои го загубиле животот, повредените и нивната состојба се утврдува во моментов.
— Венко Филипче (@VFilipche) September 8, 2021
Подоцна тој напиша на Твитер „ Пожарот е веќе изгаснат и сите тимови од болницата се мобилизирани да дадат помош на повредените. Тие итно се траснспортираат во Скопје за да им се даде соодветна нега, тимовите на Клиника се мобилизирани. Наскоро ќе излеземе со нови информации.“
Сведоци на настанот велат дека има повеќе повредени и починати лица, но тоа засега се уште не официјално потврдено.
Полицијата ги отстрани присутните и во секој момент се очекува да почне увидот кој треба да ја утврди причината за пожарот, пренесува МИА.
-Информирана сум дека пожарот избувнал многу брзо и брзо се ширел. Немам информации за можни жртви, за тоа секако ќе бидеме официјално информирани. Апсолутно жалам што се работи за болни луѓе кои биле тука на лекување. Допрва се очекуваат информации од полицијата и од болницата, изјави градоначалничката на Тетово, Теута Арифи.












































































































