ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пладневен преглед: Одложени јавните настани на партиите за изборите, благ пад на новозаразени, Филипче повика на целосна независна истрага која ќе ги утврди фактите за пожарот

September 10, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Политичките партии до недела ги одложија јавните активности поврзани со локалните избори 2021 закажани за 17 октомври, поради деновите на жалост по пожарот на модуларната Ковид болница во Тетово во која загинаа 14 лица. Сепак, партиите и независните кандидати кои сакаат да учествуваат на изборите мораат да ги запазат роковите предвидени од Државната изборна комисија (ДИК). Синоќа на полноќ заврши јавниот увид во Избирачкиот список, а утре на полноќ истекува рокот за поднесување кандидатури за изборите до Општинските изборни комисии.

Епидемиолошката состојба со Ковид-19 и вчера слична на претходните денови. Бројот на починати останува околу 30 дневно, но има мал пад на бројот на новозаразени. Вчера беа регистрирани 256 случаи на Ковид-19 од 2.778 тестирања или околу девет проценти, што е за еден процент помалку од изминатите денови. Меѓу 31 починат за претходното деноноќие, повторно евидентирано младо лице.

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, изрази длабоко жалење до семејствата на починатите во катастрофалниот пожар кој избувна во модуларната болница во Тетово. Длабоко сочувство до семејствата на загинатите во овој трагичен настан, повикувам на целосна независна истрага која ќе ги утврди фактите, истакна тој. Истрагата за случајот е во тек, а министерот нагласи дека никој нема да биде изземен од одговорност.

Централен регистар, односно регионалните регистрациони канцеларии в недела, понеделник, вторник и во среда ќе работат со дежурства и продолжено работно време поради роковите за поднесување на пријави за претстојните локални избори.

Деновите на колективна жалост и тага, кога сите сочувствуваат со семејствата на жртвите од трагичниот пожар во Тетово, не се денови за политиканство, велат од СДСМ. Грдото, некрофилно ВМРО-ДПМНЕ нема основно чувство за човечност ниту пак за сериозност. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски, ништо не им е свето, ниту важно

М. М.

Next Post

Разговори во Собранието за Деловникот во рамки на „Жан Моне“ процесот

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk