ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ КОМЕНТАРИ

Филипче

September 10, 2021 22:00
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Јас верувам дека Филипче поднесе оставка од морални причини. Не како резултат на притисокот на јавноста и на политичката опозиција, туку како одговор пред себе и на себе, пред светот и пред Македонија, како човек и како доктор, односно како министер, по големата трагедија во ресорот со кој раководеше.

И дека тоа го направи како гест кон жртвите во Тетово и нивните најблиски.

Тоа е различен морал од оној што го бараше разгневената јавност, за чиј гнев трагедијата во Тетово беше само еден импулс повеќе. Таа јавност го гонеше Филипче од самиот почеток, а особено му се настрви за време на пандемијата.

Опозицијата ја беше оценила здравствената криза како поле на кое нејзините изгледи во битката за власт се најголеми и дека министерот во таква атмосфера е по дефиниција котата која е најизложена и затоа треба и мора да се напаѓа во секое време и со сите средства. Така и беше. Со помош на медиумите беше произведена невидена хистерија. Во таа смисла Филипче е жртва на систематски произведената општествена хистерија до нивото кое на луѓето им ја замагли можноста да носат разумни решенија за себе и за заедницата.

Кога немаш јавност, туку имаш хистеризирана и оглупавена, тешко обезморализирана и острвена маса.

Јас бев на страната на оние кои тврдеа дека Филипче ја извлекува Македонија и луѓето во Македонија низ страшните опасности од ковидот со резултати кои се над можностите на државата и на здравствениот систем таков каков што го затекоа тој и новата власт. Особено во корелација со здравствената и општа култура и уште поособено, во корелација со смртоносните манипулации и злоупотреби на кризата од страна на опозицијата. Точно е дека нивото на смртноста е високо, но тоа мора да се посматра комплексно.

Кризата беше медиум низ кој државата се рехабилитира себе си, своите кадри, ресурси и системи, а во тој процес Филипче беше централна фигура, се разбира со кризниот штаб и сите свои соработници.

Неговата оставка нема да биде разбрана како морален чин, туку како скалп што разгневената јавност и политичката опозиција, ќе го шетаат на копјата на својата борба против нормалноста, против здравиот разум, против Македонија.

Затоа што ние не сме морално уредено туку сме морално упропастено општество.

Неговата оставка е пораз на модерноста.

На европскоста.

На човечноста.

Не негов пораз.

Општеството кое не е во состојба да ја разбере величината на еден Филипче и неговата посветеност и речиси целокупна предаденост на општото добро, ќе мора да ја плати цената на своите заблуди, на своите мазохистички склоности и коруптивни лефтерности.

Оставката на министерот е победа на смртта.

Филипче се поклони пред жртвите во Тетово, но овие што врескаа оставка ќе сфатат дека смртта има политичка смисла и дека се исплатува. Дека е добар инструмент. Стап за скок преку летвичката на власта. Утре можат да урнат некој мост со десет коли и сто пешаци за да издејствуваат оставка од министерот за градежништво. Или да издадат некоја антигрчка или антибугарска памфлетарија за да ја урнат министерката за култура.

Главната цел е Заев.

Јасно.

Ова се краци на црната чума што се задава там долу Македонија.

Ова е лов на глави, драги мои, а не морална обнова.

Лов на Македонија.

На сликите што потоа ќе бидат сликани, јавноста ќе биде прикажана како дружина бигли, сетери и лабрадори.

Како весело трчаат пред коњите на ловџиите.

Имаме уште малку време.

Песокта истекува.

Не знам дали Заев ќе ја прифати оставката.

Во ваква ситуација можеби е подобро да ја прифати.

Со сите резерви за кои пишував, тоа е голем гест на Филипче.

Кој треба да се почитува.

И во борбата и во поразот- голем човек.

Веројатно тоа ќе може да се книжи и на политичката опција на која припаѓа.

Да се надеваме.

Антиваксерите ќе можат понараат да умираат.

Лепота.

 

Next Post

НЕ за оставка, ДА за продолжување на професионалното водење на ресорот здравство!

Shortcut

Најново

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk