ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МЖСПП: Започна одбележувањето на Европската недела на мобилност 2021

September 16, 2021 15:47
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска, во повеќе општини во државата, како и низ цела Европа, започна одбележувањето на Европската недела на мобилност ЕНМ (од 16-22 септември), која оваа година се организира на тема „Безбедни и здрави со одржлива мобилност“.

Изборот на овогодишното мото се рефлектира од тешкотиите со кои се соочија Европа и Светот во екот на светската КОВИД-19 пандемија, меѓутоа истовремено се праќа апел за позитивни промени со кои Европа ќе се избори со се уште присутната здравствена криза.

Како национален координатор, Министерството за животна средина и просторно планирање, покрај градовите од кои секој поодделно се носители и организатори на активностите во своите урбани средини ги поканува и сите граѓани, невладини организации, општествено одговорни компаниии и целиот цивилен сектор во Република Северна Македонија да се приклучат во одбележувањето на Европската недела на мобилност 2021.

Воедно, МЖСПП ги повикува, сите чинители на општествениот живот во текот на овие 7 дена да ги споделат своите најдобри практики за урбана мобилност и да преземаат чекори и мерки кои ќе овозможат јаглеродно неутрална средина (односно јаглеродно неутрален континент) што е и долгорочната цел на Европската недела на мобилност.

И покрај сериозните потешкотии и ограничувања што ги наметна состојбата со КОВИД-19, и годинава во рамки на ЕНМ свои активности и промоции на воведните перманентни мерки за олеснување на алтернтивните видови на превоз во текот на целата недела ќе организираат градовите Скопје, Велес, Битола и Струмица, а се очекува приклучување и на други градови. Министерството за животна средина и просторно планирање ги повикува и другите градови да се пријават на https://registration.mobilityweek.eu/login.php?lang=mk и да се приклучат со свои активности, со промоција на  досега реализираните проекти од областа на одржливиот транспорт и алтернативната мобилност и во одбележување на 22 Септември – Денот без автомобили, се разбира во согласност со епидемиолошката ситуација на локално ниво и со почитување на важечките здравствени протоколи.

Денес  Град Скопје свечено ја потпишана повелбата за учество во Европската недела на мобилност, со што градот ги започна своите бројни активности кои ќе се реализираат во текот на оваа недела, до 22 Септември – Денот без автомобили.

Како информација, минатата година во Европската недела на мобилност со свои активности учествуваа 2936 градови од 53 држави од Европа и светот.

Next Post

Заев: Навистина сме Балкан на 21 век и верувам дека еден ден сите заедно ќе бидеме членки на ЕУ

НАЈНОВО

Венс: Разоружувањето на Хамас и обновата на Појасот Газа се многу тешки задачи

October 22, 2025

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025

Грција со 16,7 милијарди евра приходи од туризам до август, раст од 12%

October 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 22 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Д-р Пановски: Внимание, стаорците нема да чекаат втор круг на избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk