ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ивановска: Ги охрабрувам граѓаните да пријават корупција, но и да го почитуваат Законот за укажувачи

September 17, 2021 12:17
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Во јавноста се прави забуна меѓу оставка од морален аспект и професионална одговорност. Можеби затоа оставката на министерот за здравство, Венко Филипче ни се чини задоцнета, меѓутоа е понудена и треба да се прифати, изјави Биљана Ивановска, директорката на Државна комисија за спречување на корупцијата во Утрински Брифинг.

Во однос на локалните избори, како што истакна Ивановска, ДКСК е подготвена. Во функција е веб-апликација за пријавување на нерегуларности, како и апликација од регистарот на службени возила, со која се набљудува нивната злоупотреба.

-Имаме обезбедено набљудувачи, кои ќе бидат распоредени во неколку градови. Првпат оваа година имаме тројца аналитичари, економисти кои ќе ги сумираат резултатите од набљудувачите, појасни таа.

Ивановска изјави дека во рамки на ИПА проект обезбедена е програма, преку која граѓаните ќе можат да пријават корупција.

-Голем дел од граѓаните, на анкетни прашања одговорија дека корупцијата е препознатлива и луѓето не сакаат да ја има. Но, многу мал процент од луѓето би се охрабриле да пријават, додаде Ивановска и ги охрабри сите кои имаат свои забелешки да пријават, но и да се придржуваат до Законот за укажувачи.

Таа додаде дека потребна е соработка и со Народниот правобранител, Министерството за внатрешни работи, со цел да биде овозможено дискретен начин на пријава.

Директорката на ДКСК наведе дека Комисијата работи и на организирање дебати за општествени теми. Досега се спроведени две дебати за урбанизам и Законот за дивоградби, а втората за состојбите во правосудниот систем.

-Третата дебата е за животна средина, а првиот дел е за отпадот. Животната средина е најважна, тоа е дел од нашата национална стратегија за борба против корупција, објаснува Ивановска.

Таа најави дека ДКСК ќе ја следи состојбата со тоа како се создава отпадот, зошто не функционираат институциите и дали има потреба од антикорупциска проверка на легислативите.

-Работевме на еден предмет за депонијата во Визбегово, каде што бевме сведоци дека се потплатуваат одредени структури што треба да бидат одговорни да нема депонија, но се носел отпад од Косово, појасни директорката на ДКСК.

Според Ивановска, потребно е да се инвестира во дронови, преку коишто ќе може да следат кој ја загадува околината и веднаш да биде санкциониран.

извор: МИА

Next Post

(Живо) Трибина Патот до независноста

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk