ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Собранието го донесе Буџетот за 2020 година, 3,9 милијарди евра за инвестиции во човечкиот капитал и подобар здравствен, образовен и социјален систем

Министерката Ангеловска, во своето експозе, меѓу другото кажа дека во фокусот на буџетот за 2020 година се инвестиции во човечкиот капитал, односно подобар здравствен, образовен и социјален систем и силна поддршка за раст на реалниот сектор, како и поддршка на домашната економија, продолжување на инфраструктурните проекти, поттикнување нови инвестиции и работни места, зголемен доход за домаќинствата со раст на платите и пензиите и низа други развојни и стратешки проекти.

December 22, 2019 19:40
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието ги донесе Буџетот за 2020 година и Законот за извршување на Буџетот од 2020 година. Буџетот за идната година изнесува 3,9 милијарди евра, приходите се планирани на 3,6 милијарди евра, расходите на 3,9 милијарди евра, а буџетскиот дефицит е предвиден на 2,3 отсто, објави МИА.

Капиталните инвестиции се проектирани на 23,6 милијарди денари, економскиот раст се предвидува да биде 3,8 отсто, а инфлацијата да се држи на ниско ниво од 1,7 отсто.

Во десетдневната амандманска расправа за Буџетот во матичната комисија за финансирање и буџет беа усвоени 12 амандмани кои станаа составен дел на Буџетот. Во текот на расправата и во комисијата и на пленарната седница која траеше пет дена, опозицијата постојано повторуваше дека буџетот е неразвоен и дека претставува предизборно купување на граѓаните. Претставниците на владејачката коалиција го изнесоа ставот дека буџетот е во согласност со растот на домашната економија и е во насока на фискална стабилизација.

Во своето експозе, министерката за финансии Нина Ангеловска рече дека во фокусот на буџетот за 2020 година се инвестиции во човечкиот капитал, односно подобар здравствен, образовен и социјален систем и силна поддршка за раст на реалниот сектор, како и поддршка на домашната економија, продолжување на инфраструктурните проекти, поттикнување нови инвестиции и работни места, зголемен доход за домаќинствата со раст на платите и пензиите и низа други развојни и стратешки проекти.

Растот на приватната потрошувачка е проектиран на 3,3 проценти, а на јавната два процента. Бруто-инвестициите е предвидено да се зголемат за осум проценти на реална основа. Позитивен придонес врз растот на инвестициите се очекува да имаат планираните инвестиции на јавниот сектор, посебно тие во патната инфраструктура, странските инвестиции во технолошко индустриските развојни зони, како и постојаната поддршка на инвестициската активност на домашните и странските претпријатија, поддршката на иновативната дејност и технолошкиот развој.

Проекцијата за реалниот раст на извозот на стоки и услуги изнесува 8,3 проценти придвижен од извозот на новите индустриски капацитети ориентирани кон извоз, поддржан и од мерките за поттикнување на извозот и освојувањето на нови пазари. Проектираниот раст на домашната побарувачка и извозната активност условуваат пораст на увозот на стоки и услуги, којшто во 2020 година се очекува да изнесува 8,7 проценти. Проекцијата за раст на бројот на вработени изнесува 2,1 процент, а на просечната нето-плата 6,3 проценти на номинална основа. Дефицитот на тековната сметка на платниот биланс се очекува да остане низок во износ од 1,2 процента од БДП.

Даночните приходи за 2020 година се планирани во износ од 130,1 милијарди денари. Најголемо учество во даночните приходи има данокот на додадена вредност и тоа 42,8 проценти, додека на акцизите отпаѓаат 22,2 процента. За социјални придонеси се одвојуваат 67 милијарди денари.

Во Буџетот за следната година за исплата на плати ќе се потрошат 30,6 милијарди денари, а во тие средства е планиран ефектот од веќе реализираното покачување на платите за пет проценти за вработените кај буџетските корисници во последниот квартал од годинава, како и ефектот од новото зголемување на платите на вработените во образовните институции на централно ниво за 10 проценти.

Следната година за тековните трансфери и субвенции ќе се трошат 156,4 милијарди денари. За социјални трансфери се планирани 116 милијарди денари, а 60,7 милијарди денари се наменети за исплата на зголемени пензии. За спроведување на активните политики и мерки за вработување, пак, се планирани 1,3 милијарди денари.

Од вкупно планираните 23,6 милијарди денари за капитални инвестиции, 36 проценти отпаѓаат на патната и железничка инфраструктура, комунална и енергетска инфраструктура. Меѓу останатото, треба да продолжи реализацијата на првата и втората фаза од пругата кон Бугарија, реконструкцијата на железничката пруга на Коридор 10, а следната година со заем од Светска банка ќе се реализира проект за локални патишта, преку ИПА средства продолжува изградбата на патната делница Градско-Дреново, Куманово-Страцин и други.

Ќе се троши и за изградбата на првата фаза од националниот гасоводен систем,  делница Штип-Неготино-Битола и делница Скопје-Тетово-Гостивар, а со интензивирана динамика ќе продолжи изградбата на водоводните и канализационите системи во општините финансирани од сопствени извори и со средства од кредитни линии од ЕИБ и КФВ банката.

Проектираниот буџетски дефицит за 2020 година изнесува 17,4 милијарди  денари, односно 2,3 проценти од БДП. Ќе бидат потребни и 43,2 милијарди денари за отплати на долгови, со што вкупните потреби за финансирање во 2020 година изнесуваат 60,6 милијарди денари. Тие средства ќе се обезбедат преку комбинација на задолжување во странство и на домашниот пазар. Разликата меѓу новото задолжување и отплатата на стари долгови во 2020 година ќе изнесува 19,7 милијарди денари (12,3 милијарди денари нето-домашно задолжување преку државни хартии од вредност и 7,4 милијарди денари нето-надворешно задолжување).

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

ВМРО-ДПМНЕ бара дискусија за загадувањето, а признава дека нема решенија

НАЈНОВО

генерирано со ВИ

Мерц: Требаше порано да ја сфатам заканата која доаѓаше од Путин, сите згрешивме

September 4, 2025

Зеленски: Сите сојузници од Коалицијата на подготвените согласни се дека Русија ги отфрла иницијативите за мир

September 4, 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Ги препородивме општините

September 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Крајбрежна служба на Грција

    Потрага во морскиот дел на Халкидики по македонска државјанка – пронајдена жива и здрава на копно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце Ѓорѓиевски, во тимот за Скопје го вклучи Гоце Станковски, осуден за примање поткуп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски очекува Обвинителството да го расчисти случајот со прислушувањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трент Александар-Арнолд откри зошто го напушти Ливерпул за Реал Мадрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk