ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Царовска во 360 степени: Состојбата во училиштата е безбедна, извештаите од надзорите на надлежните институции го докажуваат тоа

September 18, 2021 00:15
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Состојбата во училиштата во државата е безбедна и засега нема интерна трансмисија на вирусот во училишните објекти. Денеска и здравствените власти информираа дека нема зголемен број на позитивни случаи на деца во болниците, како што дел од медиумите сакаа лажно да претстават. Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска за време на гостувањето во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат.

„Епидемиолозите заедно со Комисијата за заразни болести ја следат детално состојбата во училиштата. Државниот санитарен и здравствен инспекторат е постојано на терен и имаме извештај на дневна основа во колку школи се направени контроли и согласно тие извештаи, протоколите апсолутно се почитуваат. Имаме инцидентни случаи во некои општини каде има минимални забелешки за непочитување на некој дел од протоколот во одредено училиште каде веднаш се интервенира, рече Царовска,

Министерката истакна дека МОН на дневно ниво добива информации за секој заразен ученик во секое училиште и е во редовна комуникација со Комисијата за заразни болести, каде се доставуваат тие извештаи, со цел навремено делување доколку дојде до промена на ситуацијата со заразата во училиштата.

„Апелирам до Народниот правобранител да бидеме во координација, да не шпекулираме, за да можеме да стигнеме до квалитетно образование и тоа со физичко присуство во време на пандемија, кое е од највисок интерес на децата и тоа не е потврдено само од нашата држава, туку и од меѓународни организации кои се грижат за квалитет на образованието во земји во развој како нашата“, рече Царовска.

Инаку, согласно податоците со кои располага МОН, кумулативно од почетокот на учебната година до сега 0,2% од вкупно 240.000 ученици  биле активни случаи. Дел од нив се оздравени и повторно вратени на наставата со физичко присуство во училница, додека дел сé уште се во изолација. Во текот на вчерашниот ден 0,01% од вкупниот број на ученици се нови позитивни случаи на заразени.

Next Post

Активни 13.008 случаи, надлежните апелираат што поголем број граѓани да се вакцинираат

НАЈНОВО

Канада најави огромни воени трошоци: 81,1 милијарди долари за зајакнување на вооружените сили

November 5, 2025

Државен секретар на Унгарија: Националната консултација се однесува на тоа колку пари остануваат кај луѓето

November 5, 2025

Хакери од „NoName057“ ги нападнаа веб-страниците на белгиските телекоми „Проксимус“ и „Скарлет“

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ибраими: Без владеење на правото и уставни измени, Македонија останува надвор од европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk