ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Попладневен: ДПМНЕ си нарача анкета по свој терк, Сугарески во одбрана на противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ – никој нема право да злоупотребува нечија лична трагедија…

September 20, 2021 18:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС

Кој губи, има право да се лути, барем така вели народната… На ВМРО-ДПМНЕ не ѝ штимаше политичкиот барометар на Брима, па си нарача нова анкета, во своја полза… Брат брата не рани, ами прислушува, барем така „играл“ Мијалков… Додека е човечки е добро, не се преминуваат црвените линии, Сугарески во одбрана на противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ…

ПОЛИТИКА, ИЗБОРИ, ГОВОР НА ОМРАЗА

По поразителните бројки и најавата за пораз на изборите, ВМРО-ДПМНЕ експресно измисли друга лажна анкета..ВМРО-ДПМНЕ и претходно кога беше на власт важеше за партија која тесно соработува со агенции водени од личности блиски на раководството и објавуваше истражувања кои им одговараат на политичкиот амбиент, а всушност и обвинителите ја посочија партијата како субјект кој незаконски влијаел на слободно изразување на гласачката волја.

Заев: Во СДСМ има квалитетни кадри кои можат да ме заменат. На прашањето “дали не постои социјалдемократ кој може да го замени на премиерската функција”, откако претходно изјави дека нема да даде оставка за да Христијан Мицкоски да дојде на власт, Заев одговори дека никој не е незаменлив.

Сугарески удри силно против лажните профили кои тераат црна пропаганда: Никој нема право да се изживува и да злоупотребува било чија лична трагедија. Реакцијата на Сугарески, следи откако извесен Роберт Вретоски, преку фејсбук му упати закани за убиство на синот на кандидатот за градоначалник на Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ, Борче Јовчески, доколку не ја повлече кандидатурата.

(ВИДЕО) Сашо Мијалков 10 години го прислушувал својот брат Влатко. Осудуваниот Сашо Мијалков 10 години го прислушувал својот брат, Влатко Мијалков. Можете ли да замислите колку е тоа деструктивно, вели во една од емисиите „Во центар“, новинарот  Васко Ефтов.

КОВИД 19 ПАНДЕМИЈА

За 40% е намaлена инциденцата на ширење на вирусот кај населението на ниво на цела држава. Средношколци позитивни на ковид има 3 во Велес, 7 во Кавадарци, 4 во Прилеп и 2 во Струмица. И од академската популација заразени со вирусот се 6  во Велес, по 2 во Кавадарци и Прилеп и по 3 во Струмица и Ресен.

Денес се регистрирани 154 нови случаи на Ковид 19, пријавени се 12 починати лицa.

Шахпаска: Состојбата во градинките е стабилна, нема хоризонтална трансмисија на вирусот. Во изминатите седум дена бил напраен вонреден инспекциски надзор за почитувањето на протоколите. Извештајот на ДЗСИ, како надлежна инсттуција, покажал дека тие се почитуваат и оти поради тоа не ширење на вирусот во градинките.

ЕКОНОМИЈА И СОЦИЈАЛА

Заев и Шахпаска: Пензискиот фонд е стабилен, а пензиите растат и се исплаќаат редовно (ВИДЕО). Премиерот Заев истакна дека Владата заедно со Министерството за труд и социјална политика презеде и низа конкретни активности во насока на подобрување на социјалните сервиси за заштита и помош на пензионерите, како што се зголемените капацитети за сместувања на возрасни лица и пензионери, социјалните сервиси посета и грижа на пензионерите, и повеќе дневни центри и пензионерски домови за што се потпишани договори со 19 општини во државата.

ПОПИС 2021

Заев: Верувам дека пописот ќе биде успешен.

ДЗС демантира: Тврдењата за бојкот на пописот се измислени и целосно неточни.

Дури и кај изолираните случаи на граѓани кои во прв момент не се попишале, подоцна при последователните контакти ја оствариле својата обврска и дале свој придонес и учество во пописот, посочуваат од Заводот за статистика.

Ј. Ѓ.

 

Next Post
Јане Ѓорѓиоски

Раскринканиот Апасиев

НАЈНОВО

Каде завршува информирањето, а каде почнува пропагандата, што е што во изборен контекст

August 25, 2025

Почнува Баскерфест 2025: Караван на улична уметност со преку 25 артисти на 13 локации во девет градови

August 25, 2025

Во јуни 100 отсто од потрошената струја од домашно производство

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk