ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Димитров-Матуела: Северна Македонија е подготвена за почеток на пристапните преговори со ЕУ.

September 20, 2021 18:26
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров денеска се сретна со Михаела Матуела, надлежна за Северна Македонија и Албанија ГД НЕАР во Европската комисија, која неодамна стапи на оваа функција.

Како што соопшти СЕП, главниот фокус на состанокот беше ставен на подготвеноста и очекувањата на Северна Македонија во однос на почетокот на пристапните преговори, спроведувањето на реформите од ЕУ агендата  и статусот во однос на користењето на фондовите од ИПА. Вицепремиерот Димитров посочил дека остануваме цврсто посветени на процесот на реформи во клучните области од новата методологија за пристапни преговори, што се спроведуваат и со користење на ЕУ фондовите. 

-Не постои друга алтернатива за процесот на европеизација насочен кон пренесување на европските вредности дома и за таа цел ја воведовме „Агенда: Европа дома“ и ја усвоивме НПАА 2021-2025. Овие процеси се одвиваа со целосна транспарентност и вклученост на граѓанското општество, клучните документи се целосно преструктуирани според новата кластерска методологија за пристапни преговори, нагласи Димитров.

Претставничката на ЕК Матуела истакна дека постигнатите резултати ќе имаат свој одраз во Извештајот на Комисијата за годинава и посочи дека го дели ставот за подготвеноста на Северна Македонија за почеток на пристапните преговори со ЕУ.

ЕК, како што се наведува, ќе продолжи да не поддржува на нашиот пат кон членство во Унијата. /МИА/

Next Post

Шахпаска: Унапредувањето на квалитетот на стручниот кадар е предуслов за квалитетно предучилишното образование​

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Во Претседателството на БиХ нема поддршка за предлогот Трамп да добие номинација за Нобелова награда за мир

August 25, 2025

Гардијан: Венс во февруари барал замена за Зеленски, Залужни одбил телефонски повик

August 25, 2025

Остатоците од ураганот „Ерин“ стигнуваат во Европа – се очекуваат ветрови, обилни дождови и бранови до 12 метри

August 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk