„На престојните локални избори ќе победиме во бројот на градоначалници, ќе победиме во бројот на советнички места, во бројот на гласови во државата и во Градот Скопје“ кажа премиерот Зоран Заев на дуелот со Христијан Мицкоски на Канал 5.
Премиерот додаде дека актуелните градоначалници сработиле повеќе од претходните градоначалници што направиле за неколку мандати. „Ние го нудиме најдоброто за секоја општина и како кандидати за градоначалници и како кандидати за советници, но и најдобрите програми“ кажа Заев. Тој додаде дека спроти коалицијата која е победничка стои коалиција наречена политички брак, која има спротивставени ставови по многу прашања. „Тоа е неприродна коалиција и е со единствена политичка цел за доаѓање на власт“ кажа Заев.