Две години стоиме гордо на првата линија и известуваме на време, имаме свои прогресивни идеи, ставови и градиме еден нов сосема поинаков достоинствен медиумски простор.
Што значи да се биде прв на фронтот?
Тоа секако за сите нас значи да бидеме на страната на вистината, безкомпромисно да ги пренесуваме вестите, да го осветлуваме медиумскиот простор со крикот на индивидуализмот и да создаваме подобри услови за иднината што иде.
Секогаш да сме остри со перото кога треба, и меки ко пердувот кога тоа се дозволува, да критикуваме, да менуваме, да пофалиме кога треба и да бидеме по секако сурови со реалноста за да ја обликуваме достојно.
Значи и да се наидува на удари, секакви провокации, разни осуди. Значи да си опкружен со лажни вести за себе – но во исто време значи и мотивација за истите да ги смениш, откриеш и закопаш во најдлабокиот бунар.
На нашиот фронт владее вистината, различностите и почитта кон туѓата мисла.
Веќе две години јавно и гласно ги осудуваме сите повици и обиди за ширење било каков говор на омраза, лажни вести, осуда за секаков обид за поткопување на демократијата.
Две години на прва линија се бориме за еднакво општество во кои сите ние ќе имаме шанса.
Во нашите категории ќе најдете се, од колумни на веќе истакнати новинари, до идеи и мислење на млади умови кои се спремни да ја жртвуваат секашноста за посветла иднина. Ќе наидете на хумор и сатира создадена од секојдневните небулозни политички изјави , сериозни текстови и анализи на тековните политички случувања. На прва линија сме и ќе останеме кога станува збор за културата и за сцената, ќе ги подржиме сите младински иницијативи и сме спремни за промени.
Да си на прва линија значи да си бунтовен и свој, со длабоко изгравирани демократски корени и да имаш идеја да го менуваш светот.
Веќе две години сме тука за вас.
Тука и остануваме.
В.К