ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Попладневен преглед: Кандидатите со амбициозни програми за секоја општина, независните кандидати со забелешки, дали ќе олабават мерките за граѓаните и угостителските објекти

September 27, 2021 18:00
in ON THE HOUR, ZOOM IN, ДЕНЕС
МИА

МИА

Oд денес на полноќ официјално започна изборната кампања, дел од кандидатите своите програми ги споделуваат на социјалните мрежни. Кои се забелешките на независните кандидати во изборната кампања? Не се знае до кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја манипулираат јавноста на сметка на Шилегов. Каква е политичката состојба во Бугарија? Што се случува кога ќе се искомбинираат „АстраЗенека“ и „Спутник Лајт“?

ПОЛИТИКА, ЕКОНОМИЈА И ИЗБОРИ

Бектеши очекува олабавување на рестриктивните мерки во претстојниот, зимски период доколку граѓаните и угостителските објекти ги почитуваат протоколите. Тој не прецизира дали ќе има олеснувања или евентуални укинувања, но уште еднаш повтори дека Владата се држи до препораките на Комиисјата за заразни болести. Во однос на туристичката сезона, истакна дека благодарение на владините мерки, била доста успешна.

Заев на денешниот прв ден од почетокот на кампањата за претстојните локални избори вети дека како партија и коалиција ќе водат позитивна кампања која ќе биде насочена кон она што било направено досега, но и кон идните планови за поддршка на локалните самоуправи и за поголем локален економски развој.

СДСМ ја нуди најдобрата понуда на домашната политичка сцена. Јасна идеја и јасен план за развојот за секој град, за секое село, за целата држава, информираат од партијата на првиот ден од кампањата за локалните избори. Од СДСМ истакнаа дека наредните денови ќе ја посетат секоја општина и секое населено место.

Нова пратка на уреди за биометриска идентификација на гласачите  пристигна во земјава. За првпат ќе се користат на претстојните локални избори со цел да се зголеми довербата во изборниот процес и да се елиминираат досегашните сомневања во изборните резултати.

Во првото издание на „Изборен рапорт“, ЦИВИЛ им посака успешна и достоинствена кампања на сите кандидатки и кандидати, ги промовираше новите видео содржини и пренесе низа забелешки од независните кандидатки и кандидатки за функции во локалната власт на претстојните избори. „Изборен рапорт“ ќе се емитува во живо, в понеделник, среда и петок, со почеток во 11 часот од прес центарот на ЦИВИЛ.

Се урна уште една конструкција на ВМРО-ДПМНЕ. Со денови вртеа една иста лага во обид да ја манипулираат јавноста за наводни коруптивни скандали поврзани со градоначалникот Петре Шилегов и директорот на ЈП Водовод и канализација Душко Весковски, велат од СДСМ.

Видео спотот „Гласаме!“ е атрактивно, уметничко видео посветено на, како што тоа го нарекуваат креатор(к)ите, гласачката свесност. Првата реакција на тимот на ЦИВИЛ и Редакцијата ЦИВИЛ МЕДИА по добивањето на финалната верзија од овој динамичен уметнички спот беше:

„Ова е неопходна видео лектира за секој гласач во светот!“

РЕПУБЛИКА, РЕГИОН И СВЕТ

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов во својата прва прес-конференција од изборната кампања изрази уверување дека постигната е целта поставена кога во 2017 ја доби довербата од граѓаните да се смени курсот во кој се движеше градот предводен од ВМРО-ДПМНЕ. Истакна дека започнати се проекти кои ќе решат проблеми за наредните 50 години.

Бугарскиот претседател Румен Радев го повика лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, да се кандидира за шеф на државата. Радев смета дека „крајно време е Борисов да не ја користи својата партија како штит и да ја одбрани нејзината чест со кандидирање за претседател“.

Децата ширум светот ќе доживеат повеќе горештини, поплави и суши во животот отколку нивните баби и дедовци, се наведува во студијата на организацијата Спасете ги децата (Save The Children).

Мала клиничка студија за комбинирана употреба на вакцината на Астра Зенека и доза Спутник Лајт против Ковид-19 покажа силен раст на антитела кај повеќето тестирани лица, објави денеска Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ).

М. М. 

Next Post

(ВИДЕО) Загинале над 800.000 луѓе - кој е најсмртоносниот земјотрес во историјата на човештвото?

НАЈНОВО

Фото: МО

Македонски контингент испратен на меѓународната воена вежба „Saber Junction 25“ во Германија

August 21, 2025
Фото: Принтскрин, Видео: Евангелос Папајоану

(ВИДЕО) Сурфер со СУП даска им помогнал на татко и две деца кои се бореле со морските струи и брановите во близина на Солун

August 21, 2025

Тошковски: Нова седма по ред канцеларија на Управни служби на МВР во Ропотово, ја враќаме довербата на граѓаните

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk